Рождество — слика на Рождеството Христово од Ел Греко насликата во периодот 1603-1605. Таа била една од петте слики насликани за олтарниот дел на Сантуарио де Нуестра Сењора де ла Каридад во Иљескас, Толедо. Таа и уште три други сè уште висат таму (Милосрдие, Крунисување на Богородица и Благовештение), додека петтиот е во Националниот музеј на уметноста на Романија (Венчавка на Богородица).
Тоа е поедноставување на неговото Поклонение на овчарите од олтарниот дел на Дона Марија де Арагон, испуштајќи ги овчарите и претворајќи ја сцената во кружен облик.
Категорија:Слики од Ел Греко Категорија:Уметнички слики од 1600-тите Категорија:Исусовото раѓање во ликовната уметност