Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква во охридското село Лешани, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е најстариот храм во селото. Првично се наоѓала во месноста Кутлиште, а потоа е преместена на сретселото. По изградбата на црквата „Св. Никола“ оваа црква се запустила, и сите престолни и празнични икони од нејзиниот иконостас се пренесени во новата црква. Во 1979 г. храмот е возобновен.

Поврзано Белчишка парохија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Лешани