Св. Атанасиј — црква во ресенското село Асамати, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Храмот е сместен во источниот дел на селото, над патот Асамати - Претор. Претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на исток. Изградена е од камен, а покривната конструкција ѝ е дрвена.
Поврзано Подмочанско-љубојнска парохија Ресенско архијерејско намесништво
Наводи
Асамати