Свети Никола Горни или Свети Никола Зимен — гробишна црква во битолското село Ротино, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа јужно од селото Ротино, до кој води земјен пат, сместена над последните куќи. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата била подигната врз старо црквиште.
Според натпис над влезот во црквата, истата била подигната за спомен на Митре Глигоровиќ. На натписот е запишана годината 1961.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата не е живописана.
Икони и иконостас
Во црквата има неколку икони закачени на самиот олтар и не поседува иконостас.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Ротино
Наводи
Надворешни врски
Ротино