Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица) — главна селска црква во битолското село Тепавци, Македонија.
Местоположба
Црквата е гробишен храм, сместен во јужниот дел на селото.
Историја
Цркбата била изградена „тогаш кога е правена црквата „Св. Недела“ во Битола“, што значи околу 1863 година. Сепак, други извори говорат дека храмот е подигнат во 1767 година.
Архитектура Фрескоживопис
Живописана на крајот на XIX век од непознат зограф, иако во некои записи се наведува и годината 1795.
Меѓу фреските се и светите браќа Кирил и Методиј кои живописецот ги именува како „бугарски просветители“ под влијание на тогашната бугарска пропаганда во Македонија.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија Тепавци
Наводи
Надворешни врски
Тепавци