Св. Константин и Елена — црква во демирхисарското село Суводол. Иако е во атарот на Суводол, храмот е заеднички со соседното село Кутретино. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен на северозападниот крај Суводол, крај атарската граница со Кутретино, со кое е заедничка. Изградена е во 1830 година. Претставува опишан крст со купола и тристрана апсида на исток и трем на запад. Покриена е архитравно со дрвена покривна конструкција. Фасадите се малтерисани и обновени со окер боја. Храмот не е живописан.
Поврзано Слепчанска парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво
Наводи
Суводол