Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Обршани, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
Црквата е подигната во првата половина на XIX век, околу 1840-тите години.
Архитектура
Претставува еднокорабна градба, полукружно засводена, со полукружна апсида на источната страна. Во 1886 година на западната стрна е дограден затворен трем.
Во 2001 г. е осветена нова камбанарија.
Фрескоживопис
Во 1943 година изворниот живопис е покриен со нов слој.
Во дворот на црквата има оштетена римска мернерна плоча со две бисти во релјеф.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Обршанска парохија Обршани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Обршани Обршани