Св. Недела — црква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во средниот век. Сместена е на стрмна карпа од десната страна на реката Тополка, кај нејзиното устие во Вардар и на околу 300 м западно од црквата „Св. Димитриј“. Судејќи по градбата и остатоците од живописот, храмот му припаѓа на византискиот период. Изгледа служела како храм на Велешката тврдина од Стариот Град, и се наоѓа на неговиот северен крај.

Храмот е доста посетуван, претежно на Цветници, Великпеток и во неделите од Велигден до Спасовден.

Поврзано Велешко архијерејско намесништво

Наводи

Категорија:Цркви во Велес Велес