Димитар Митрев (Дедеагач, - , ) — македонски книжевен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Уште во 1938 година, кога бил основан Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членувал во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеле за афирмирањето на македонската национална култура.
Во периодот 1974-1976 година, тој бил ректор на Скопскиот универзитет.
Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
Творештво „Антологија на македонската лирика“ (1951, со Блаже Конески) „Вапцаров“ (1954) „Критериум и догма“ (1956) „Минато и литература“ (1958) „Odsev Ilindenske wsatje v umjetni literaturi“ (Ljubljana, 1958) „Повоени македонски поети“ (Антологија, 1960) „Пиринска Македонија и БКП“ (1961) „Критики и огледи“ (1969) „Избрани дела“ (7 т., 1970) „Есеји и критике“ (Белград, 1975) „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“ (1980) „Пиринска Македонија“ (1986)Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 163-164.
Значење и влијание За делото на Димитар Митрев се напишани повеќе книги и студии, како: Петар Ширилов: Мислата и делото на Димитар Митрев: пролегомена за духовниот портрет, Скопје: Наша книга, 1974. Катица Ќулавкова: Димитар Митрев, живо дело, Скопје: Ѓурѓа, 2004.
Исто така, на Димитар Митрев му е посветена една песна на македонскиот поет и етнолог Наум Целакоски, со наслов „Те чекаме пак да ни се вратиш“.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 14-16.
Наводи
Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски есеисти Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Луѓе од Дедеагач