Семјуел Ленгхорн Клемeнс () (30 ноември 1835 — 21 април 1910), попознат под својот псевдоним Марк Твен (Mark Twain) — американски писател, најпознат по романите „Авантурите на Том Соер“ (1876) и неговото продолжение „Авантурите на Хаклбери Фин“ (1884), често нарекувани „голем американски роман“.
Детство и младост мини|десно|Твен на возраст од 15 години (1850) Семјуел Ленгхорн Клеменс е роден Флорида, Мисури, на 30 ноември 1835 година,„Белешка за авторот“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 251. од татко Џон Маршал Клеменс (11 август 1798 - 24 март 1847) и мајка Џејн Ламптон Клеменс (18 јуни 1803 - 27 октомври 1890). Твен бил шесто од седумте деца од кои само три го преживеале детството: браќата Орион (17 јули 1825 - 11 декември 1897) и Хенри (13 јули 1838 - 21 јуни 1858), кој починал во експлозија на речен брод, и Памела (19 септември 1827 - 31 август 1904). Неговата сестра Маргарет (31 мај 1830 - 17 август 1839) починала кога Марк Твен имал години, а неговиот брат Бенџамин (8 јуни 1832 - 12 мај 1842) починал три години подоцна. Другиот брат, Плезант (1828-1829), починал на возраст од шест месеци. Твен се родил две недели по појавата на Халеевата Комета. На 4 декември 1985 година, поштенската служба на САД издала брошура за „Марк Твен и Халеевата Комета“. Кога Твен имал четири години, неговото семејство се преселило во Ханибал, Мисури, град-пристаниште на реката Мисисипи, каде што добил инспирација за измислениот град Св. Петерсбург во Авантурите на Том Соер и Авантурите на Хаклбери Фин. Мисури била држава на робови и на младиот Твен му се разјаснило како функционира ропството, тема која подоцна ја истражувал во своите дела.
Татко му на Твен бил адвокат и локален судија. Железницата Ханибал и Св. Џозеф била организирана во неговата канцеларија во 1846 година. Железницата ги поврзувала вториот и третиот по големина градови во државата и била најзападната железница во САД, сè до изградбата на меѓународната железница. Тој доставувал пошта до и од Пони Експрес. Во март 1847 година, кога Твен бил на возраст од 11 години, неговиот татко починал од пневмонија и Марк морал да го прекине школувањето, а следната година станал помошник во една печатница во Ханибал.Глигор Поповски, „Марк Твен: Том Соер“, во: Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973, стр. 216. Во 1851 година, тој започнал да печати и да придонесува пишувајќи статии и комични написи во Весникот на Ханибал, кој бил на неговиот брат Орион. Кога наполнил 18 години, тој го напуштил Ханибал и работел во печатница во Њујорк, Филаделфија, Сент Луис и Синсинати. Тој се придружил на заедницата, во вечерите се образувал во јавните библиотеки, наоѓајќи повеќе информации отколку во вообичаените училишта. На возраст од 22 години, Твен се вратил во Мисури.
На патување кон Њу Орлеанс по долината на Мисисипи, кормиларот на параход, Хорас Е. Биксби, го инспирирал Твен и самиот да управува со брод. Како што набљудувал Твен во Живот на Мисисипи, пилотот го надминува капетанот на параходот во престиж и авторитет. Тоа била наградувана професија, со плата од 250 долари месечно, во ова време околу 73.189 долари годишно. Пилот на параход требало да го знае целиот тек на реката, за да може да застане на стотина пристаништа. Твен, повеќе од две години, учел за 2.000 милји (3.200 км) на Мисисипи пред да ја добие дозволата за пилот на параход во 1859 година.
Додека бил на обука, Семјуел го убедил својот помал брат Хенри и тој да работи со него. Хенри починал на 21 јуни 1858 година, кога параходот на којшто работел Пенсилванија, експлодирал. Твен ја предвидел неговата смрт во сон, еден месец пред да се случи, што било причина за неговиот интерес за парапсихологија. Тој бил млад член на друштвото за психичко истражување. Твен се чувствувал виновен и се обвинувал самиот себеси до крајот на животот. Продолжил да работи на реката како пилот до почетокот на американската граѓанска војна, 1861 година, кога сообраќајот низ Мисисипи бил ограничен. Кога избувнала Граѓанската војна во САД, Твен бил доброволец во коњичкиот одред на армијата на Конфедерацијата, во времетраење од две недели, а таа епизода ја опишал во кусиот информативен напис „Приватна историја на кампањата што не успеа“.
Животот на Твен во 1860-тите Марк Твен му се придружил на Орион, кој во 1861 година станал секретар на Џејмс В.Нуи, гувернер на Невада и тргнал на запад. Тој и неговиот брат патувале повеќе од две недели на поштенска кочија низ големите рамнини и карпестите планини, посетувајќи ги заедниците на мормоните во Салт Лејк Сити. Ова искуството му послужило како инспирација за „Одрекување“, а обезбедил и материјал за „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“. Патувањето на Марк Твен завршило во градот со рудници за сребро, Вирџинија Сити, Невада, каде што станал рудар. Не успеал во оваа работа и во 1862 година се вработил во весникот „Territorial Enterprise“, а следната година почнал да го употребува псевдонимот Марк Твен, кој претставува израз што го користеле кормиларите на бродови на реката Мисисипи со цел да соопштат дека водата е доволно длабока за да помине бродот. Во 1864 година се преселил во Сан Франциско, Калифорнија, каде работел како новинар. Се запознал со писатели, како што се: Брет Харте, Артемус Вард и Дан Деквиле. Младата писателка Ина Кулбрит можеби имала романса со него.
Неговиот прв успех како писател дошол кога неговата хумористична,чудна приказна, „Славната скокачка жаба од покраината Калаверас“ била објавена во неделниот весник од Њујорк. The Saturday Press, на 18 ноември 1865 година. Таа му донела национално внимание. Една година подоцна, тој патувал на островот Сендвич (денешно Хаваи), како репортер за „Sacramento Union“. Неговите патописи биле многу познати и станале основа за неговото прво предавање. Во 1867 година, локален весник му овозможил пат до Средоземјето. За време на своето патување нив Европа и Блискиот Исток, тој напишал позната колекција на патувачки писма, кои подоцна, во 1869 година, беа собрани под името Невините во странство. На ова патување тој го запозна својот иден зет. По враќањето во САД, во 1868 година, на Твен му било понудено хонорарно членство во тајното друштво Скрол и Ки на универзитетот Јел. Неговата посветеност на „стипендијата, моралот, литературното само надоградување и добротворност“ го стави во многу добра положба.
Брак и деца Чарлс Лангдон му покажал на Твен слика од неговата сестра Оливија, а Твен тврдел дека се вљубил во неа на прв поглед. Тие биле во врска во 1868 година, но Оливија ја одбила неговата прва понуда за брак. Два месеци подоцна, тие се свршиле, а се венчале една година подоцна, февруари 1870 година, во Елмира, Њујорк, каде што тој и се додворувал. Таа потекнувала од „богата и либерална фамилија“ и благодарение на неа тој ги запознал противниците на ропството, „социјалистите, атеистите и активистите за правата на жените и социјална еднаквост“, вклучувајќи го и Хариет Бечер Стов (неговиот сосед од Хартфорд, Конектикут), Фредерик Даглас и писателот и утопијски социјалист Дин Ховелс, со кој станал многу добар пријател.
Парот живеел во Бафало, Њујорк од 1869 до 1871 година. Твен поседувал дел од весникот Buffalo Express и работел како уредник и писател. Додека живееле во Бафало, нивниот син Лангдон починал од дифтерија на 19 месеци.
Оливиа родила три ќерки: Суси (1872-1896 година), Клара (1874-1962 година) и Џин (1880-1909 година). Нивниот брак траел 34 година, сè до смртта на Оливиа во 1904 година. Сите од фамилија Клеменс се закопани на гробиштата Вудлан во Елмира.
Твен со своето семејство се преселиле во Хартфорд, Конектикут, каде што во 1873 година започнал да гради дом ( локалните граѓани го сочувале од рушење во 1927 година и го претвориле во музеј посветен нему). во 70-тите и 80-тите години на 19 век, Твен и неговото семејство летувале во фармата Куари, домот на сестрата на Оливија, Сузан Крејн. Во 1874 година, Сузан студирала далеку од куќата, за нејзиниот зет да има мирно место на кое ќе може да пишува. Ито така, Твен често пушел луле, Сузан Крејн не сакала тој да го прави тоа во нејзината куќа. За време на 17-те години поминати во Хартфорд (1874-1891 година) и повеќе од 20 летувања во фармата Куари, Твен напишал многу од своите класични романи, меѓу нив и Авантурите на Том Соер (1876 година), Принцот и сиромавиот (1881 година), Живот на Мисисипи (1883 година), Авантурите на Хаклбери Фин (1885 година) и Јанки од Конектикум во судот на крал Артур (1889 година).
Твен направил втора тура низ Европа, опишувајќи ја во книгата Патување низ Европа, од 1880 година. Неговата тура вклучува и престој во Хајделберг од 6 мај до23 јуни 1878 година, како и посета на Лондон.
Љубов кон науката и техниката Твен бил воодушевен од науката и научното испитување. Тој развил блиско и долготрајно пријателство со Никола Тесла и двајцата поминувале многу време во лабораторијата на Тесла.
Твен патентирал три изуми, вклучувајќи „подобрување во прилагодливите ремени кои се одвојуваат за облека“ (да ги заменат прерамките) и безвредна историска игра. Најголем рекламен успех бил самолеплив лексикон, суво лепило меѓу страните кој само треба да се навлажни пред да се употреби.
Во својата книга Јенки од Конектикут во судот на крал Артур претставува патник низ времето од современата Америка, кој го користи своето научно знаење за да ја претстави модерната технологија во Англија од времето на Артур. Овој тип на приказна подоцна ќе стане една заедника одлика на поджанрот на научната фантастика, изменета историја.
Во 1909 година, Томас Едисон го посетил Твен во неговиот дом во Рединг, Конектикат и го снимал. Дел од снимките се искористени во Принцот и сиромавиот (1909 година), краток филм од две ролни.
Финансиски проблеми Твен направил значителна сума на пари преку неговото пишување, но изгубил голем дел од нив преку инвестирања, најмногу во нови изуми и технологии, особено машината за куцање. Тоа било прекрасно инженерско механичко чудо, што ги воодушевувало гледачите кога работело, но со склоност кон пропаст. Твен потрошил 300.000 долари (еднакво на денешни 7.590.000 долари) во период од 1880 и 1894 година, но пред да биде совршен, застарел од страна на печатарската машина. Тој не го изгубил само главниот дел од профитот на наговите книги, туку и значителен дел од наследството на неговата сопруга.
Твен изгубил пари и преку неговата издавачка куќа, која уживала почетен успех продавајќи ги мемоарите на Улисес С. Грант, но наскоро банкротирала, губејќи пари на биографијата на Папата Лав XIII. Биле продадени помалку од 200 копии.
Делата и предавањата на Твен, во комбинација со помошта на нов пријател, му овозможиле да закрепне финансиски. Во 1893 година, тој започнал петнаесет годишно пријателство со Хенри Хутлестон Роџерс, директор на Стандард оил. Роџерс прв му помогнак на Твен во банкротот. Потоа го натерал сите свои авторски права да ги препише на својата сопруга, Оливија, за да спречи кредиторите да добијат сопственост над нив. Конечно, Роџерс презема целосна одговорност врз парите на Твен, сè додека не се исплатени сите кредитори.
Твен започнал со предавања низ целиот свет во 1894 година за во потполност да ги отплати своити кредитори, иако за тоа веќе немал законска обврска. Во средината на 1900 година тој бил гостин на сопственикот, Хаг Гилцен-Рајд, на весникот Dollis Hill House. Твен таму напишал дека тој „никогаш порано немал видено место што е толку задоволително рангирано, со своите благородни стебла, пространство низ земјата и сè што животот го прави прекрасен и се тоа во рамките на светската метропола.“ Потоа во 1900 година, се вратл во Америка, со доволна заработка за да ги исплати своите долгови. Ораторски ангажмани