Ернст Ингмар Бергман (, 14 јули 1918 — 30 јули 2007) — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. Според Вуди Ален, Бергман е еден од најголемите и најзначајните имиња во историјата на филмот. Режирал повеќе од шеесет играни и документарни филмови. Неговите дела често се занимаваат со смртта, болеста, верата, предавството, песимизмот и лудилото. Неговиот филм „Седмиот печат“ останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.

Рано детство Ингмар Бергман е роден во Упсала, Шведска. Син на Ерик Бергман, лутерански поп и Карин, медицинска сестра. Израснал со неговиот постар брат Даг и сестра Маргарета, опкружен со религија. Неговиот татко бил конзервативен и со строги родителски концепти. Ингмар бил затворан во темни плакари за „престапи“ како мокрење во креветот.

Наводи

Категорија:Шведски режисери Категорија:Луѓе од Упсала Категорија:Апсолвенти на Стокхолмскиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Родени во 1918 година