Света Троица — главна селска црква во прилепското село Подвис, Македонија.
Црквата се наоѓа на врвот на малото возвишение Глајца. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена над селото Подвис.
Историја
Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била подигната во 1921 година на местото на некогашно црквиште. Сепак, според натпис на самата црква истата била подигната во 1924 година и обновена и преосветена во 1999 година.
Архитектура
Црквата претставува еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Подвис
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Подвис (Прилепско) Подвис