Џамија Хафиз Салих — џамија во селото Коџалија.

Местополоба Џамијата се наоѓа во западниот дел на селото.

Архитектура Градбата на џамијата има четириаголна основа. Влезот се наоѓа на северозпадната страна кон којашто е дограден трем и до којшто се стигнува преку краток мост. Објектот е обоен во бела боја, додека тремот и северозападната страна околу влезот е во зелена боја. Покриен е со лимен кров на којшто има една голема купола и три помали шилески куполи поставени над тремот. Џамијата има две минариња, од коишто едното е повисоко. Повисокото минаре се издига веднаш до северниот агол на џамијата. Тоа е со многуаголна основа и има две шерефиња. Во целост е обоено во бела боја. Пониското минаре се издига до јужниот агол на храмот. Тоа е со кружна основа и има едно шерефе. Обоено е во бела боја и е покриено со сив лимен кров.

Галерија

Поврзано Коџалија Штипско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Коџалија Категорија:Џамии во Општина Радовиш Категорија:Џамии во Штипското муфтиство