Волта а Каталуња 2021 (позната и како Трка околу Каталонија 2021) — 100. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 22 и 28 март како седми настан во сезоната на Светската турнеја.

Екипи

Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Пет професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што се заокружила групата од 24 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи и имало вкупно 168 возачи, од кои 131 завршил. била првично предвидена да учествува, но се повлекле на почетокот на трката откако тројца членови на посадата добиле позитивни тестови за КОВИД19. се повлекле на почетокот на петтата етапа откако двајца членови на посадата биле позитивни на КОВИД-19.

Рута

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Завршен пласман

Поредок

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п Награда за борбеност25п 1 Андреас Крон Андреас Крон Андреас Крон Силвен Монике Андреас Крон Силвен Монике 2 Роан Денис Жоао Алмеида Жоао Алмеида недоделена 3 Адам Јејтс Адам Јејтс Адам Јејтс Адам Јејтс Кико Галван 4 Естебан Чавес Естебан Чавес Естебан Чавес Ленард Кемна 5 Ленард Кемна Реми Кавања 6 Петер Саган Матеј Мохорич 7 Томас де Гент Томас де Гент На крај Адам Јејтс Естебан Чавес Естебан Чавес Жоао Алмеида недоделена

На втората етапа, Натнаел Беране, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел сината маичка со линии, бидејќи првопласираниот Андреас Крон ја носел зелената маичка со линии како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Реми Роша, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел портокаловата маичка со линии. На третата етапа, Брендон Мекналти, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел портокаловата маичка со линии, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида ја носел зелената маичка со линии како предводник на генералниот пласман. На четвртата етапа, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел сината маичка со линии, бидејќи првопласираниот Адам Јејтс ја носел зелената маичка со линии како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Естебан Чавес, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел црвената маичка со линии. На етапите 5–7, Кун Бауман, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел црвената маичка со линии, бидејќи првопласираниот Естебан Чавес ја носел сината маичка со линии како предводник на бодовниот пласман, а второпласираниот Адам Јејтс ја носел зелената маичка со линии како предводник на генералниот пласман.

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Волта а Каталуња Категорија:Светска турнеја на UCI 2021 Категорија:Шпанија во 2021 година