Доброглед — археолошко наоѓалиште во неготинското село Курија. Претставува населба и некропола од римско време.

На југоисточниот раб на селото, на блага падина што лежи на северната страна на Куријачко Брдо се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Ископан е еден целосно зачуван питос кој е сместен во Музејот во Неготино. Непосредно до теренот се констатирани гробови градени од камени плочи, поставени во правец исток-запад.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско

Наводи