мини|200п|Белопаланчанка и Денови на баницата
Денови на баницата е гастро-туристичка манифестација која секоја година се одржува во Бела Паланка уште од 2005-та година. Самото име се однесува на специфичен вид на домашна пита, која во белопаланечкиот и пиротскиот крај, како и во Бугарија и Македонија, се нарекува „Баница“.
Опис Се состои од натпреварувачки и ревијален дел во подготовката на домашни пити и традиционални специјалитети. Секоја година има се повеќе учесници и посетители. Во последните години има голем број на гости од Бугарија и другите земји.
Тематската манифестација е поделен на три дела (најчесто се одржува три дена: втората недела од август од петок до недела):
Натпреварувачкиот дел е натпревар во изработка на „најдобра баница “. Натпреварувачите ги оценува жири, а најдобрите добиваат награди.
Целта на настанот е да се зачуваат и негуваат обичаите, културата и традициите на белопаланечкиот крај. Манифестацијата е проследена со различни културно-уметнички програми.
Наводи
Категорија:Српска кујна Категорија:Српски фестивали на храната Категорија:Бела Паланка