Муќкалица — главно јадење, составено од месо и е дел од српската кујна. Различни рецепти се дел од локалните кујни во јужна Србија (Лесковац, Шар Планина од Косово, Топлица). Главната одлика на ова јадење е дека месото пред подготовка на јадењето мора да биде испечено на скара. Месото се посолува и се сече на крупни коцки. Може да се направат и раженчиња на стапче и да се испечат на скара.
Подготовка на јадењето Парчињата месо од скарата може да се завиткаат со сланина или сланината може посебно да се испече и подоцна да се додаде во зеленчукот. Исечканиот кромид се динста на масло и кога ќе се испржи се додаваат сечканите пиперки, домати и сечканиот лук. Се додава месото, се прелива со малку вода и се динста додека зеленчукот не стане компактна смеса. Се зачинува и замастува по вкус.
Според некои рецепти, доматите треба претходно да се излупат, а пиперките да се потпечат и исто така да се олупат. На крајот од готвењето, муќкалицата се запечува во рерна неколку минути.
Лесковачка муќкалица свинско месо, 650 гр 2 главици кромид 1 дл масло сол бибер 2 лути пиперки 4 домати лист од магдонос
Шарпланинска муќкалица 650 овчо месо од бут 1 дл масло 5 главици кромид 4 чешниња лук 1 зелена пиперка 1 лажица оцет сол бибер
Топличка муќкалица 500 гр свинско филе 2 лажици масло 150 гр печурки 200 гр пиперки 100 гр моркови 2 лажици соин сос 30 гр копар сол бибер 200 гр домашни суви тестенини 800 мл вода 150 гр фета сирење 100 гр чери домати
Наводи
Надворешни врски муќкалица, Алмажанска кујна на youtube Подготовка на лесковачкa муќкалица Подготовка на топличка муќкалица
Категорија:Српска кујна Категорија:Храна Категорија:Јадења