мини|Бањак во Дисбург во 2012 Срѓан Баљак (роден на 25 ноември 1978 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.

Кариера Срѓан Баљак е роден во Сремска Митровица. Својот прв сениорски натпревар го имал во клубот на Телеоптик, пред да биде промовиран во екипата на Партизан. За Црно-белите во текот на сезоната 1999-2000 имал одиграно натпревар во поразот со 0:1 на гостински терен кај премиерлигашот Лидс Јунајтед, во реваншот од првото коло од Купот на УЕФА 1999-2000. Тој подоцна бил испратен како позајмен играч за период од шест месеци во Раднички од Крагуевац. Тоа се случило во зимскиот преоден рок, во 2000 година.

Во јуни 2002 година, Баљак за прв пат се преселил во странство и потпишал со јапонскиот клуб Консадоле Сапоро. Во преостанатиот дел од сезоната 2002 за новиот клуб одиграл 13 натпревари во лигата и постигнал три гола, но не успеал да му помогне на тимот да избегне испаѓање од првата лига.

Во летниот преоден рок во 2003 година, Баљак се вратил во својата татковина и се приклучил на клубот на Будуќност од Банатски Двор, откако клубот за прв пат во својата историја изборил настап во Првата лига. Клубот на Будуќност на крајот од дебитантска сезона испаднал од првата лига. Клубот на изненадувачки начин стигнал до финалето на Купот на Србија и Црна Гора, со што обезбедил место во Купот на УЕФА 2004–05.

Додека играл за Банат од Зрењанин, Баљак станал најдобар стрелец во Српската Суперлига со 18 гола и тоа во сезоната 2006–07, со што го спасил клубот од испаѓање. Исто така, ѝ помогнал на екипата да стигне до полуфиналето на Купот на Србија истата година. Клубот бил елиминиран во полуфиналето од екипата на Војводина.

Во јуни 2007 година, Баљак се преселил да игра во Германија потпишувајќи за екипата на Мајнц 05 за период од три години. Тој бил нивниот втор стрелец по постигнати голови во сезоната 2008–09 во Бундеслигата 2 со вкупно 11 гола. На крајот на сезоната Мајнц 05 успел да се квалификува во Бундеслигата. Во првата лига од германското првенство, Баљак добивал ограничена минутажа и поради тоа бил префрлен во клубот на МСВ Дисбург во месец јануари 2010 година. Во новиот клуб бил именуван за капитен на тимот пред почетокот на сезоната 2010–11. Со екипата на Дисбург стигнал до финалето на ДФБ-Покал истата таа сезона.

Во јули 2013 година, Баљак потпишал со клубот на Ворматија Вормс (клуб од пониската германска лига) на слободен трансфер. Тој го напуштил клубот по само една сезона и се приклучил на екипата на Шот Мајнц. Во април 2017 година, било соопштено дека Баљак ќе се пензионира и тоа на крајот од сезоната.

Статистика КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПартизан1998–99000000001999–2000100010202000–01000000002001–0200000000Вкупно10001020Раднички од Крагуевац (како позајмен играч)1999–200015010—160Консадоле Сапоро2002133—133Будуќност од Банатски Двор2003–04177—1772004–0538242040242005–0611200—112Вкупно663300206833Олимпик од Баки (како позајмен играч)2005–06103—103Банат од Зрењанин2006–07301841—3419Мајнц 052007–0823610—2462008–09311140—35112009–104000—40Вкупно581750—6317МСВ Дисбург2009–1017600—1762010–1125941—29102011–128000—802012–1323210—242Вкупно731751—7818Ворматија Вормс2013–1419100—191Шот Мајнц2014–1520600—2062015–1623700—2372016–1714600—146Вкупно571900—5719Вкупно во кариерата34211115230360113

Признанија

Клуб

Будуќност Банатски Двор Освоена е Втората лига на Србија и Црна Гора: 2004–05 Куп на Србија и Црна Гора: Второпласирани 2003–04

МСВ Дисбург ДФБ-Покал:: Второпласирани 2010–11

Шот Мајнц Освоена е Оберлигата Рајнланд-Пфалц/Сар: 2016–17

Поединечни награди Најдобар стрелец во Српската Суперлига: 2006–07

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05