Рабровачко Езеро се наоѓа во селото Рабровац, на територијата на белградската општина Младеновац. Езерото е оддалечено 12 километри од МладеновацТО Младеновца: „Рабровачко језеро“ , приступ 13.7.2013 и 70 километри од Белград.Београдска језера: „Рабровачко језеро“ , приступ 13.7.2013
Езерото настанало во 1970-те година на минатиот век, како вештачка акумулација, со изградба на браната на потокот Трстен, кој поминува низ селото. Долго е 780 метри и широко околу 160 метри и е најдлабоко од сите белградски езера. На некои места неговата длабочина изнесува и до 20 метри. Има површината од околу 10 хектари. Се наоѓа на надморска височина од 180 метри.
Езерото изобилува со риби, а најзастапени се крап, амур и деверика. Опколено е со листопадни шуми.
Нема изградена пропратна инфраструктура и главно се користи за риболов и наводнувањеУрбанистички завод Београд: „Инфо бр. 35“ , стр. 37, приступ 13.7.2013 на околните градини и за поење на добитокот. Поради тоа е направен и усвоен проектот за изградба на туристичко-земјоделски комплекс на оваа езеро. Со проектот е предвидвидено уредување на брегот како и изградба на угостителски објекти, а во план е покрај езерото да се направи и мал спортски комплекс.Рабровац блог: „Рабровачко језеро“, приступ 13.7.2013
Наводи
Категорија:Географија на Србија Категорија:Езера во Србија