мини|Богосавац со Србија У21 во 2017 година Мирослав Богосавац (роден на 14 октомври 1996 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како лев бек. Моментално настапува за рускиот клуб Ахмат од Грозни.
Клупска кариера Богосавац е роден во Сремска Митровица. Тој се приклучил на младинската академија на Партизан во 2008 година. Својот прв професионален договор со клубот го потпишал на 14 август 2013 година, заедно со Миладин Стевановиќ. И двајцата потпишале тригодишен договор. За да стекнат искуство и двајцата фудбалери биле веднаш испратени во блискиот тим Телеоптик. И двајцата биле промовирани назад во клубот на Партизан во сезоната 2015-16. Богосавац редовно играл под палката на тренерот Иван Томиќ, особено во вториот дел од сезоната.
Во февруари 2017 година, Богосавац бил префрлен во клубот на Чукарички и тоа на тригодишен договор. Тој бил избран во тимот на сезоната 2017-18 во српската Суперлига поради неговите одлични игри.
На 14 февруари 2020 година, тој му се приклучил на рускиот прволигаш Ахмат од Грозни и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната 2019-2020, со опција за понатамошно откупување на договорот. На 3 јули 2020 година, клубот на Ахмат ја активирал опцијата за купување на играчот и веднаш е потпишан 4-годишен договор.
Меѓународна кариера Богосавац ја претставувал Србија на ниво до 19 и до 21 година во натпреварувањата на УЕФА. Својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал на 20 март 2019 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Германија и тоа како играч од стартниот тим.
Статистика
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиТелеоптик (како позајмен играч)2013–14Српска прва лига25000—2502014–15Српска лига Белград213——2132015–16110——110Вкупно57300—573Партизан2015–16Српска Суперлига16040002002016–1730102060Вкупно1905020260Чукарички2016–17Српска Суперлига15030001802017–1835040—3902018–1930110—3112019–201211040171Вкупно92290401052Ахмат од Грозни2019–20Руска Премиер лига10010—1102020–2129030—3202021–2212010—130Вкупно5105000560Вкупно во кариерата2195190602445
Признанија
Клуб
Партизан Освоен е Куп на Србија: 2015–16
Поединечни признанија Член Тимот на сезоната во Српската Суперлига : 2017–18, 2018–19 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Терек Грозни Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалски дефанзивци