Горан Богдановиќ (роден на 27 април 1967 година) бил поранешен српски фудбалер кој играл на позицијата играч од средниот ред, или организатор на играта. Тој бил препознатлив по својата техничка способност и вештини во дриблингот.
Играчка кариера Фудбалската кариера ја започнал во неговиот роден град Смедерево и клуб Сартид. Богдановиќ подоцна во 1985 година бил купен од тимот на Партизан од Белград. Во тој период бил доста млад односно тинејџер. Со Црнобелите од Белград во 1986 и 1987 година ги освоил шампионските титули на Југославија. По завршувањето на својата задолжителна воена служба во сезоната 1988-1989, Богдановиќ се докажал како еден од најредовните играчи во тимот, помагајќи му на клубот на Партизан во 1989 година да го освои единствениот дотогаш Југословенскиот Суперкуп и еден Куп на Југославија во 1992 година.
Во февруари 1993 година, Богдановиќ заминал да игра во странство во Шпанија кога потпишал со тимот на Мајорка од Сегунда Дивизион лигата. Поминал две години и половина со популарните Бермелонци, пред да премине во клубот на Еспањол од Ла Лига во летото 1995 година. Во својата прва сезона, Богдановиќ постигнал пет првенствени гола на 24 настапи. Таа сезона клубот завршил на четвртото место во првата шпанска лига. Подоцна, во 1998 година, поради голема конкуренција тој го загубил местото во клубот и решил да се префрли во екипата на Екстремадура. Со неговите игри во клубот тој придонел за промоција на Екстремадура во првата шпанска лига.
Во јануари 2000 година, Богдановиќ се вратил во неговиот клуб од детството Сартид од Смедерево. Богдановиќ му помогнал на тимот да обезбеди место во натпреварувањата на УЕФА за прв пат во сезоната 2000-01. Следната година, ги предводел популарните Оклопници од Смедерево до третото место во лигата, нивната највисока позиција во лигата во историјата на клубот. Со неговите игри во 2005 година многу придонел за да се освои Купот на тогашната држава Србија и Црна Гора. Тоа бил прв голем трофеј за тимот од Смедерево. На крајот на сезоната 2003-2004, Богдановиќ се повлекол од професионалниот фудбал. Тој ја завршил својата кариера со завршен егзибициски натпревар одржан на 31 јули 2004 година помеѓу неговите поранешни клубови Сартид од Смедерево и Партизан од Белград.
Кариера по играњето Само неколку недели откако ги оставил копачките, Богдановиќ бил назначен за спортски директор во неговиот матичен клуб од Смедерево. Тој останал на чело до месец август 2012 година, пред да го напушти клубот по несогласување со новоименуваниот колегиум во екипата.
Статистика во кариерата КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПартизан1985–86500000501986–8717100201911987–8817010001801988–89000000001989–9030360604231990–9132430604141991–9227383203761992–9318350—233Вкупно1461423316018517Мајорка1992–9313010—1401993–9434720—3671994–9524081—321Вкупно717111—828Еспањол1995–9624590—3351996–9734140304111997–980020—20Вкупно58615030766Екстремадура1997–9816030—1901998–997010—80Вкупно23040—270Сартид Смедерево1999–200020100—2012000–0123020—2502001–02284413252002–03172302022003–0417030200Вкупно1057201011178Вкупно во кариерата4033455429148739
Признанија
Партизан
Освоена е Првата југословенска лига: 1985–86, 1986–87 Победници во Куп на Југославија: 1991–92 Освоен е Суперкуп на Југославија: 1989 година
Сартид Смедерево
Освоен е Куп на Србија и Црна Гора: 2002–03
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Партизан