мини|Васко Карангелевски Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, - , ) — македонски комунист, првоборец и генерал-полковник на ЈНА. Прогласен е за народен херој на Југославија.
Животопис Васко Карангелевски е роден во битолското село Брусник, на 7 јули 1921 година, во печалбарско семејство. Мајка му работела по туѓи ниви, а тој уште како млад бил земјоделски работник и чувал туѓ добиток.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 175 По бомбардирањето на Белград, Васко се вклучил кон новоформираната младинска група во селото.
Учество во НОБ Во војната учествувал од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Бил член на СКОЈ од 1941 година и член на КПМ од 1943 година. Заедно со одредот, Васко Карангелевски се движел по планините: Пелистер, Баба, Вич. Набрзо станал командир на чета, а потоа и командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.
Во текот на декември 1943 година, кога Германците подготвувале напад против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради во гради. Резултатот од таа борба бил: педесет убиени Германци, четириесет и двајца заробени, осумдесет пушки, десет полуавтоматски пушки, два митралеза, два минофрлачи, десетина илјади куршуми и стотина мини.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 177 Со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход. Кога била основана Третата македонска ударна бригада, Карангелевски бил назначен за командант на баталјон. Со овој баталјон, Карангелевски учествувал во многу борби: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други.
За народен херој, тој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 179
По ослободувањето По Ослободувањето, тој дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на ЦК на КПЈ. Загинал во несреќен случај,Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 672. за време на лов на терените на планината Караџица.„Сеќавање за народниот херој генерал Васко Каранѓелески во Брусник“, „Идивиди“, 3.2.2010.„Како умре Васко Карангелевски“, „Македонија денес“, 3.4.2024.
Во негова чест, се наречени една улица во Општина Битола и една во Општина Аеродром.За реконструкција на улицата
Наводи
Литература Стојан Ристески, „Сеќавања за генералот Васко Карангелески“, Ирис-Р, Струга, 2011.
Категорија:Луѓе од Брусник (Битолско) Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски генерали Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Југословенски генерали Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ