Рајко Брежанчиќ (роден 21 август 1989 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата како дефанзивец. Моментално игра за српскиот клуб ФК Партизан.
Клупска кариера Откако настапувал низ младинската структура на клубот, Брежанчиќ го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Партизан на 1 јуни 2007 година, склучувајќи петгодишен договор. Тој подоцна заминал како позајмен играч во клубовите на Телеоптик и Бежанија за да стекне искуство. Во јануари 2009 година Брежанчиќ се вратил во Партизан и одиграл вкупно седум натпревари во лигата до крајот на сезоната 2008-09. Таа година тимот на Партизан ја освоил титулата. Брежанчил одиграл уште три натпревари за клубот во првиот дел од сезоната 2009-10, пред повторно да се пресели во месец јануари 2010 година како позајмен играч во клубот на Телеоптик.
Во летото 2010 година, Брежанчиќ потпишал со клубот од Српската Суперлига, Металац од Горни Милановац. Потоа, во зимскиот преоден рок од 2011 година бил позајмен на српскиот прволигаш Бежанија. Шест месеци подоцна, Брежанчиќ потпишал постојан договор со Бежанија и таму останал во следните две сезони.
Во летото 2013 година, Брежанчиќ бил префрлен во новопромовираниот клуб од Суперлигата Чукарички. Одиграл 29 натпревари во лигата и постигнал еден гол во сезоната 2013-14. Во следната сезона, Брежанчиќ повторно пропуштил само еден од вкупно 30 лигашки натпревари и притоа постигнал еден гол, такашто Чукарички завршил на третото место. Таа година тимот на Чукарички го освоил и Купот на Србија 2014–15.
На 4 август 2015 година, Брежанчиќ потпишал тригодишен договор со холандскиот клуб АЗ. Својот прв натпревар за новиот клуб го имал на 12 септември 2015 година во победата од 3:1 на гостински терен во лигата над клубот на Де Графшап. На овој натпревар тој го постигнал првиот гол на почетокот на натпреварот.
Во август 2016 година, Брежанчиќ бил префрлен за да игра во Шпанија, каде бил ангажиран во клубот од Сегунда Дивизион, Уеска. Во тимот имал 30 настапи во текот на сезоната 2017-2018. На крајот од истата Уеска успеал да влезе во првата шпанска лига. На 11 ноември 2018 година, Брежанчиќ го одиграл својот прв натпревар во Примера во поразот од 2:1 на гостински терен кај екипата на Алавес. Влегол во игра како замена за повредениот Пабло Инсуа.
На 31 јануари 2019 година, Брежанчиќ го раскинал договорот со Уеска и потпишал 18-месечен договор со екипата на Малага.
На 22 јуни 2019 година се вратил во неговиот почетен клуб Партизан од Белград и потпишал тригодишен договор. На 11 август 2019 година, Брежанчиќ го постигнал својот прв гол за Партизан во нерешениот натпревар од 2:2 на гостувањето кај екипата на Напредак од Крушевац.
Репрезентација Брежанчиќ ја пртетставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на УЕФА првенството до 17 години во 2006 година. Тој исто така играл за Србија У19 во неуспешните квалификациски натпревари на тимот за Европското првенство за играчи до 19 години на УЕФА 2008 година. На почетокот на 2009 година, Брежанчиќ учествувал со тимот до 20 години на Меѓународниот турнир на пријателство во Катар.
Брежанчиќ на 7 јуни 2009 година го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија до 21 година во пријателската победа од 4:1 над репрезентацијата на Македонија. Подоцна,во 2009 година, тој бил член на тимот на УЕФА првенството до 21 година, но не успеал да се појави на турнирот на ниту еден натпревар. Брежанчиќ го забележал својот втор настап за тимот до 21 година на 11 август 2009 година во победата од 1:0 на домашен терен против репрезентацијата на Израел до 21 година. Неговиот трет и последен настап за тимот бил на уште еден пријателски натпревар одигран на 26 мај 2010 година, во поразот со 1:3 на гостувањето кај Романија У21.
Статистика
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДругиВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиТелеоптик (како позајмен играч)2007–0815010——160Бежанија (како позајмен играч)2008–0913010——140Партизан2008–09701000—802009–10302020—70Телеоптик (како позајмен играч)2009–109000——90Металац Горни Милановац2010–1170——70Бежанија (како позајмен играч)2010–1113000——130Бежанија2011–1230200——3022012–1328010——290Чукарички2013–1429110——3012014–152914040—3712015–16300040—70АЗ Алкмар2015–16812020—121Уеска2016–1724020—202802017–1830000——3002018–191020——30Малага2018–191000—0010Партизан2019–201211030—1612020–21400000—40Вкупно во кариерата2656180150203006
Признанија
Клуб
Партизан Освоена е Српската Суперлига: 2008–09 Освоен е Купот на Србија: 2008–09
Чукарички Освоен е Купот на Србија: 2014–15
Поединечни признанија Награда за Тим на сезоната во српската Суперлига: 2014–15
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалски дефанзивци