Александар Јовановиќ (роден на 6 декември 1992 година, во Ниш) е српски фудбалер, голман на .

Клупска кариера Рад Алексадар е роден во Ниш. Тој својата професионална кариера ја започнал како член на екипата на Рад, каде што минал од 2009 до 2014 година. Во меѓувреме бил позајмен во екипите на Палилулац од Белград и Палиќ. Својот прв натпревар во Суперлигата го имал под водство на тренерот Марко Николиќ, во натпреварот против составот на Црвена ѕвезда од Белград. Тој натпревар бил одигран на 3 март 2013 година. На натпреварот соиграчот Филип Кљајиќ добил црвен картон, а Јовановиќ влегол од клупата за резервни играчи. По сезоната 2013-14 која ја поминал како замена за соиграчите Филип Кљајиќ и Бранислав Даниловиќ, во сезоната 2014-15, Јовановиќ бил прв избор на тренерот Милан Милановиќ. По неколку натпревари и неколку лоши реакции на голот Јовановиќ потпаднал во втор план во тимот и поради тоа морал да замине од клубот. Дефинтивно за време на зимската пауза Јовановиќ го напуштил клубот.

Раднички Ниш По краткиот период во екипата на Долен Срем, Јовановиќ во летото 2015 годинасе вратил во екипата на Раднички од Ниш за да биде наследник на голманот Милан Борјан. Тој потпишал двегодишен договор со клубот во кој ја минал својата младинска кариера. По само 8 примени гола на 18 натпревари за тимот на Раднички, екипата на Партизан пројавила интерес за него.

АГФ Во летото 2016 година, Јовановиќ се преселил во Данска и потпишал четиригодишен договор со екипата на АГФ. Својот прв официјален натпревар за новиот клуб во сезоната 2016–17 во данската Суперлига го имал на 17 јули 2016 година против составот на Сондерјиске. По еден жесток дуел со соиграчот Дино Микановиќ, за време на четвртиот натпревар од истата сезона, против екипата на Есбјерг, Јовановиќ се здобил со повреда на главата и веднаш морало да биде заменет. Во мај 2017 година, Јовановиќ остварил рекорд, бранејќи без да прими гол цели 423 минути, во данската Суперлига.

Уеска На 28 август 2018 година, било објавено дека Јовановиќ потпишал тригодишен договор со клубот од Ла Лига, СД Уеска. На 15 септември 2020 година, тој го раскинал договорот со клубот на Уеска.

Враќање во АГФ (како позајмен играч) На последниот ден од летниот преоден рок 2019 година, Јовановиќ се вратил во екипата на АГФ како позајмен играч за време на остатокот од сезоната 2019.JOVANOVIĆ VENDER TILBAGE TIL AARHUS , agf.dk, 2 September 2019

Депортиво Ла Коруња (како позајмен играч) На 31 јануари 2020 година, Јовановиќ се преселил во тимот од Сегунда Дивизион, екипата на Депортиво од Ла Коруња. Во тој клуб бил до месец јуни 2020 година и тоа како позајмен играч.

Репрезентација Александар Јовановиќ го добил својот прв повик на 5 јуни 2018 година, во сениорскиот тим на Србија, за пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Русија. Во мај 2018 година тој бил на поширокиот список на селекцијата на Србија за Светското првенство во фудбал во Русија 2018 година.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Одиграни натпревари и постигнати голови за различни клубови и во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиРад2009–10Српска Суперлига0000——002010–110000——002011–12000000—002012–132000——202013–140000—00002014–157000——70Вкупно9000000090Палилулац од Белград(како позајмен играч)2010–11Српска лига на Белград20———20Палиќ (како позајмен играч)2011–12Српска Лига на Војводина220———220Долен Срем2014–15Српска Суперлига00———00Раднички од Ниш2015–1636030——390АГФ2016–17Данска Суперлига30000—403402017–1831000—103202018–1970———70Вкупно68000—50730Уеска2018–19Ла Лига12000——120АГФ (како позајмен играч)2019–20Данска Суперлига6040——100Депортиво ла Коруња(како позајмен играч)2019–20Секунда дивизија1000——10Аполон од Лимасол2020–21Кипарска Прва дивизија110———110Вкупно во кариерата16707000501790

Меѓународна статистика

Србија Година Натпревари Голови 2016 година 1 0 Вкупно 1 0

Наводи

Надворешни врски Статистика на Александар Јовановиќ на натпревари во Република Србија (на српски)

Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година