Џон Далтон (, — ) — англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото „Нов систем на филозофијата и на хемијата“, каде го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена далтонизам.
Наводи
Категорија:Англиски хемичари Категорија:Англиски физичари Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Родени во 1766 година Категорија:Починати во 1844 година Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките