Работна акција со Тамара, порано позната како Со Тамара во акција, е српска ријалити телевизиска серија чија премиера била на 11 март 2016 година. Претставува наследник на Работна акција. Водителка на серијата е Тамара Грујиќ.
Серијата се емитувала на 11 март 2016 година до 5 февруари 2021 година на РТС 1, а од 14 септември 2021 година на Прва, кога го променила своето име.
Формат лево|мини|220x220пкс| Првото лого од серијата (2016–2021) Главната цел на шоуто е да им се помогне на најзагрозените луѓе низ Србија. По пријавувањето, кое учесниците можат сами да го направат или нивните пријатели или социјална институција, изборот се врши врз основа на одредени услови кои учесниците треба да ги исполнат. Изборот трае со месеци и вклучува центри за социјална работа, стручни соработници, народни кујни во Србија, градежни изведувачи и архитекти.
Во првите 100 акции, во текот на осумте сезони на шоуто „Со Тамара во акција“, заедничките напори на РТС, извршната продукција „Триангл“ и спонзорите на серијата, се унапредени условите за живот на 99 семејства кои живеат во општините на северот на Косово, јужна, источна, западна и централна Србија. Реновирании се околу 8.300 метри квадратни, донирани се 20 оранжерии, обработени се околу 2.500 хектари земја, а десет лица се вработиле.
Покрај помагањето на семејствата, секоја сезона (почнувајќи од петтата) завршува со посебна акција / епизода посветена на пошироката општествена заедница:
На крајот на петтата сезона беше спроведена акција за реновирање на Хематоонколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Крагуевац На крајот на шестата сезона беа реновирани два простори од 45 квадратни метри за Здружението на пациенти со церебрална парализа и детска парализа во Ужице. На крајот од седмата сезона беше реновирано основното училиште во селото Губеревац во општина Книќ. На крајот на осмата сезона, беа реновирани основните училишта во селата Извор (општина Пирот) и Мечковац (општина Врање). На почетокот на десеттата сезона беше реновирана куќата на Фрушка гора која ќе се користи за опоравување на децата по хемотерапија. На крајот на единаесеттата сезона беше реновирано основното училиште во село Кормињане (Општина Косовска Каменица).
Епизоди Сезона Број на епизоди Премиерно емитување Локација Мрежа Почеток на емитувањето Крај на емитувањето 1 12(1 - 12) 11 март 2016 година 27 мај 2016 година РТС 1 2 17(13 - 29) 30 септември 2016 година 27 јануари 2017 година 3 13 (30 - 42) 10 март 2017 година 16 јуни 2017 година 4 14(43 - 56) 29 септември 2017 година 12 јануари 2018 година 5 13 (57 - 69) 9 март 2018 година 8 јуни 2018 година 6 15 (70 - 84) 28 септември 2018 година 11 јануари 2019 година 7 13 (85 - 97) 15 март 2019 година 14 јуни 2019 година 8 13(98 - 110) 4 октомври 2019 година 10 јануари 2020 година 9 10(111 - 120) 6 март 2020 година 19 јуни 2020 година Војводина 10 18 (121 - 138) 18 септември 2020 година 5 февруари 2021 година 11 15 (139 - 153) 14 септември 2021 година 28 декември 2021 година Прва
Наводи
Надворешни врски Со Тамара во акција на Фејсбук Со Тамара во акција на Инстаграм Со Тамара во акција на Твитер Работна акција со Тамара на официјалниот канал на YouTube Со Тамара во акција на каналот на РТС на YouTube
Категорија:Српски телевизиски серии