Ѓупчево (, Гипсохори; до 1926 г. Γύψοβο, Гипсово или Γιούψοβο, ЃупсовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γύψοβο -- Γυψοχώρι) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 307 жители (2021), од кои Македонците денес се апсолутно мнозинство.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км северно од Кадиново и патот за Воден, 16 км западно од Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Во Отоманското Царство Иако името му се однесува на Роми („Ѓупци“), ова е македонско село кое веројатно било основано како ромска населба во подалечното минато. Селската црква „Св. Атанас“ во Ѓупчево е изградена во 1857 (или 1851) година. На почетокот на XX век Ѓупчево било село в Ениџевардарската. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ѓупчево броело 260 жители Македонци.
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ѓупчево (Guioptchevo) имало 360 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Ѓупчево било македонско со 50 куќи.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 27 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 225 жители, кои во 1920 г. биле 233. Во 1924 г. 33 жители се иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 43 грчки колонисти од Понд (10 семејства).Ѓупчево на порталот на поранешната Општина Александар Велики Во 1926 г. селото е преименувано во Гипсохори, што е прост грчки превод на македонското име. Во пописот од 1928 г. селото броело 286 лица, од кои 37 лица (13 семејства) биле грчки дојденци, а останатите Македонци.
Во 1940 г. во Ѓупчево се попишани 345 жители. Според статистиката на НОФ од 1947 г. селото имало 60 грчки дојденци, а сите останати биле староседелски Македонци. За време на Граѓанската војна, неколку македонски семејства и поединци се иселиле во Р Македонија поради учество во борбите. По војната, населението продолжило накачува, достигајќи 470 жители во 2001 г. Во текот на следното десетлетие населението приметно опаднало, така што во 2011 г. тука се заведени 378 жители, што е за речиси сто помалку.
Личности Родени во Ѓупчево Гонџо Клајчев — револуционер, деец на ВМРО, загинал пред 1918 г.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102. Крсте Узунов (1875 - 1946) — револуционер на ВМРО
Починати во Ѓупчево Христо Даскалов (? – 1907) — гркомански андарт
Население
Стопанство Главни производи на селото се јаболката, пченицата, бостанот и др. Делумно е застапено и сточарството.
Поврзано Трифулчево Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол