Пустината Аралкум е пустина која почнала да се појавува од 1960 година на дното од поранешното Аралското Езеро. Се наоѓа јужно и источно од остатоците од источниот басен на Аралското Езеро во Узбекистан и Казахстан. Таа е најновата пустина на светот.

Историја Иако нивото на Аралското Езеро било променливо во текот на постоењето, тоа набрзина почна да опаѓа во 1960-тите како резултат на изградбата на системи за наводнување во регионот од страна на Советскиот Сојуз. Намалениот доток во езерото предизвикал пад на нивото на водата во Аралското Езеро. Нивото на Северното Аралско Море се подигнало по изгрдадбата на Кокаралската брана, а Јужното Аралско Море постојано опаѓало, при што пустината се проширувала сè до 2010 година, кога Јужното Аралско Море било делумно повторно наполнато. Нивото на водата на Јужното Аралско Море потоа почнало повторно да опаѓа, овој пат уште побрзо.

Во август 2021 година, експедицијата на британската атлетичарка Рози Стенсер била првата која пеш поминала низ пустината Аралкум.

Заглавени бродови Пред езерото да пресуши, рибата која се ловела од Аралското Езеро сочинувала една шестина од вкупниот улов на риба во Советскиот Сојуз. Со повлекувањето на езерото, многу рибарски бродови и други чамци останале во пустината. Во поранешното пристаниште кај градот Мојнок, рѓосаните бродови станале туристичка атракција и тука започнал да се одржува фестивалот Стихија, најголемиот фестивал на електронска музика во Средна Азија.

Загадување преку воздухот лево|мини| Дното на поранешното Аралско Море во Узбекистан во 2004 година Песокот на Аралкум и прашината која потекнува од неа содржи загадувачи. Пустината се наоѓа на место на силни воздушни струи запад-исток и загадената прашина се распространува низ целиот свет. Аралската прашина е пронајдена во полињата во Белорусија, шумите во Норвешка и во ледниците на Гренланд. "...typical Aral dust has been found on Greenland's glaciers, in Norway's forests, and Byelorussia's fields, all situated thousands of kilometers away from Central Asia." Пестициди од прашината се пронајдени во крвта на пингвините на Антарктикот.

Поврзано

Опустинување Список на еколошки катастрофи Аралско Езеро

Наводи

Надворешни врски Зигмар-В. Брекл: Борба против опустинување и санација на солените пустини во регионот на Аралското Море Валтер Вучерер: Примарна сукцесија на сувото морско дно на Аралското Море

Категорија:Аралско Езеро Категорија:Опустинување Категорија:Пустини во Узбекистан Категорија:Пустини во Казахстан Категорија:Пустини во Азија