Ленард Сајмон Нимој (анг: Leonard Simon Nimoy; 26 март 1931 - 27 февруари 2015) бил американски глумец, филмски режисер, пејач и фотограф кој се стекна со светска слава играјќи ја улогата на Спок во франшизата Ѕвездени патеки во период од речиси 50 години; од две пилот епизоди во 1964 и 1965 година до неговата последно појавување во 2013 година Ја играл улогата на Спок во Ѕвездени Патеки: Оригинална серија (Star Trek: The Original Series), и продолжил да го игра и во Ѕвездени патеки: Анимирана серија, првите шест филмови на Ѕвездени патеки и во две епизоди од Ѕвездени патеки: Идната генерација. Нимој, исто така, режирал филмови, меѓу кои Ѕвездени патеки III: Потрагата по Спок (1984) и Ѕвездени патеки IV: Патот кон Дома (1986), и се појавил во неколку филмови, телевизиски емисии и го позајмил гласот во неколку видео игри.

Својата глумечка кариера Нимој ја започнал на свои дваесеттина години, за време на часовите по глума во Холивуд. Тој добил ситни филмски и телевизиски улоги во текот на 1950-тите. Во февруари 1965 година, за прв пат се појавил во пилот серијата „Ѕвездени патеки “ во улогата на Спок во епизодите „Кафез “ и „Каде што никој не поминал порано“, и продолжил да го игра ликот до крајот на серијата во 1969 година. Подоцна глумел или се појавил како гостин во осум играни филмови од Ѕвездените патеки. Во периодот од 1967 до 1970 година, Нимој се впуштил во музичките води. Потпишал со Дот рекордс, а во неговиот прв и втор албум тој ја користел својата популарност што ја стекнал глумејќи го ликот на Спок. По оригиналната серија „Ѕвездени патеки “, Нимој глумел во две сезони од серијата „Невозможна Мисија“, бил водител во документарната серија „Во потрага по...“ и зел учество во неколку други сценски настапи.

Успешната изведба на ликот на Спок од страна на Нимој имало силно културно влијание, а му донесе и три номинации за Еми наградата. Тој станал толку популарен како Спок што и двете негови автобиографии, „Јас не сум Спок“ (I Am Not Spock) (1975) и Јас сум Спок (I Am Spock) (1995), биле напишани од гледиште на споделување на неговото постоење со ликот.Nimoy (1975), pp. 1–6Nimoy (1995), pp. 2–17

Во 2015 година, Нимој починал по долга битка со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неговата смрт била дочекана со шок и чувство на тага од обожавателите, колегите од „ Ѕвездени патеки “, научниците и славните личности. Во негова чест е именуван астероидот 4864 Нимој."Leonard Nimoy, Honored: Asteroid 4864 Nimoy Named After Actor Who Played 'Star Trek's' Spock", Inquisitr, June 6, 2015 По неговата смрт неговиот син и ќерка ги продуцирале документарците „Од љубов кон Спок“ (For the Love of Spock) (2016) и Сеќавање на Леонард Нимој (Remembering Leonard Nimoy)(2017), и тие го опфаќаат неговиот живот, кариера, а подоцна и неговата болест."New documentary by Leonard Nimoy's son honors both his dad and Spock", USA Today, September 8, 2016

Филмографија

Музички видеа годинаОригинален наслов Наслов Уметник Белешки 1967 "The Ballad of Bilbo Baggins" „ Баладата за Билбо Багинс “ Ленард Нимој 1985 г."Going Down to Liverpool" „ Одам во Ливерпул “ Бенглс 2011 г."The Lazy Song" „ Мрзлива песна “ Бруно Марс Алтернативно музичко видео

Видео игри година Наслов Гласовна улога 1992 година Ѕвездени патеки: 25-годишнина Спок 1993 година Ѕвездени патеки: Обреди на судење 1999 година Морнар Нараторот 2005 година Цивилизација IV Нараторот 2010 година Ѕвездени патеки онлајн Спок 2010 година Кралството срца Раѓање со сон Ксеханорт 2012 година Kingdom Hearts 3D: Оддалеченост од соништата

Награди и номинации година Награда Категорија Дело Резултат 1968 година Еми награди за ударен термин Најдобар споредна машка улога во драмска серија Ѕвездени патеки: Оригинална серија Номинација 1969 година Номинација 1970 година Номинација 1978 Сатурнови награди Најдобра споредна машка улога Инвазијата на Грабнувачите на телото Номинација 1979 Ѕвездени патеки: Игран филм Номинација 1982 Еми награди за ударен термин Споредна машка улога во ограничена серија или специјал Жена по име Голда Номинација 1984 Сатурнови награди Најдобар режисер Ѕвездени патеки III: Потрагата по Спок Номинација 1985 Награди Хуго Најдобра драмска презентација Номинација 1986 Сатурнови награди Најдобар режисер Ѕвездени патеки IV: Патот кон Дома Номинација Најдобар глумец Номинација 1987 Награда за животна кариера Добитник Награди Хуго Најдобра драмска презентација Ѕвездени патеки IV: Патот кон Дома Номинација 1992 Ѕвездени патеки VI: Неоткриената земја Номинација 2001 Награди Ени Позајмен глас од машки изведувач во анимирана играна продукција Атлантис: Изгубената империја Номинација 2009 Друштво на филмски критичари во Бостон Најдобра глумечка екипа Ѕвездени патеки Добитник 2009 Филмски награди по избор на критичарите Најдобра глумечка екипа Номинација 2009 Скрим награди Најдобра екипа Номинација 2009 Сатурнови награди Најдобра улога на гостин на телевизија Фринџ Добитник 2014 Национална академија за телевизиски уметности и науки (во Бостон/Нова Англија) Еми награди во Нова Англија Награда на гувернерите Траен придонес во телевизиската индустрија Добитник

Библиографија

Поезија Ти и јас (1973) ( ) Ќе помислам ли на тебе? (1974) ( ) Сите ние сме деца во потрага по љубов: збирка песни и фотографии (1977) ( ) Дојди биди со мене (1978) ( ) Овие зборови се за тебе (1981) ( ) Стоплени од љубов (1983) ( ) Цел живот со љубов: Поеми за мотото во животот (2002) ( ) Биографија Јас не сум Спок (1975) ( ) Јас сум Спок (1995) ( ) Сценарио Винсент (1981) (теледрама заснована на драмата „Ван Гог“ (1979) од Филип Стивенс) ( ) Ѕвездени Патеки IV: Патот кон Дома (1986) (по негова приказна) Ѕвездени патеки VI: Неоткриена земја (1991) (по негова приказна) Фотографија Шехина (2005) ( ) Проект цело тело (2008) ( ) Тајните свои (2010) ( )

Дискографија

Ленард Нимој ја претставува музиката на г. Спок од вселената (Дот рекордс), (1967) Две страни од Ленард Нимој (Дот рекордс), (1968) Начинот на кој се чувствувам (Дот рекордс, Стерео DLP 25883), (1968) Допирот на Ленард Нимој (Дот рекордс, стерео DLP 25910), (1969) Новиот свет на Ленард Нимој (Дот рекордс, Стерео DLP 25966), (1970)

Наводи

Надворешни врски Леонард Нимој во Мемори Алфа ( вики од Ѕвездени патеки )

Леонард Нимој во Aveleyman

Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Режисери на научна фантастика Категорија:Американски писатели Категорија:Американски автобиографи Категорија:Американски Евреи Категорија:Американски филмски режисери Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Американски телевизиски глумци Категорија:Американски поети Категорија:Починати од белодробни заболувања Категорија:Американски телевизиски режисери