Огнениот бакарец (Lycaena virgaureae) е пеперутка од видот на пеперутки бакарци. Пеперутката живее и во Македонија.

Опис Пеперугите имаат физичка разлика помеѓу полот. Горната страна кај мажјаците е во бакарно-портокалова боја со црни рабови. Телото е црно со портокалови влакненца. Женките се портокалови но имаат црни шари во средишниот дел на крилјата. Долната страна е со посветла портокалова боја и има црни и бели дамки.

Годишно, генерацијата се појавива од средината на јули до средината на септември. Јајцата се полагаат на суви делови од растенија. Јајцата се бело. Гасениците се зелени и се ноќни инсекти. Се хранат со Eupatorium и Valeriana

Пеперугата живее во места богати со цветови, ливади и посушни места. Живее на надморска висина од 1.000 до 2.000 метри.

Подвидови Lycaena virgaureae montanus Meyer-Dür, 1851 Lycaena virgaureae miegii Vogel, 1857 Lycaena virgaureae armeniaca (A. Bang-Haas, 1906)

Галерија

Наводи

Надворешни врски www.eurobutterflies.com Молци и пеперутки во Северна Африка и Европа www.schmetterling-raupe.de www.insektenbox.de

Категорија:Бакарци Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј