Dolerus germanicus е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата црна, градите, пронотумот, тегулите и мезонотумот се скоро наполно црвени. Понекогаш скутелумот може да биде делумно црн. Мезоплеурите црни. Крилата на црвеникаво затемнети. Нозете црвеникави, најчесто на задните фемури и тибии. Абдоменот жолт и првиот тергит црн. Мажјакот покрај главата и градите црни. Абдоменот на двата краја црн, во средината од вториот до петтиот сегмент црвен. Другите делови на телото како и кај женската форма.
Ларвите достигнуваат должина 16-20 мм. Нивната глава одгоре портокалова, од предната страна белузлава. Телото еднобојно светлозелено, кај постарите ларви со црвеникава нијанса. Стигмите светлокафеави. Се среќаваат во текот на јуни и јули на растенија од родот на Equisetum.
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-10 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Европа, умерениот појас на Азија до Камчатка и Северна Америка. Во Македонија видот се среќава на повеќе места.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 81
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија