Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Фариш. Претставува некропола од римското време. Во непосредната близина на училиштето биле откриени повеќе гробови од тегули од видот „на две води“ и една ара профилирана од сите страни која подоцна е поставена во олтарот на селската црква како основа за чесната трпеза.
Поврзано Дабица — некропола од римското време; Селиште — населба од доцноантичкото време; Стража — утврдена населба од доцноантичкото време; Фариш; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи