Грамади — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Гарниково. Претставува населба од доцноантичкото време.

Местоположба Грамади се наоѓа источно од селото, на десната страна од патот Кавадарци-Мрежичко.

Ископувања и наоди На една импозантна висина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал, тегули и имбрекси.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи