мини|Милан Смиљаниќ во 2009 година Милан Смиљаниќ (роден 19 ноември 1986 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата во средниот ред. Моментално е во редовите на српскиот Суперлигашки клуб, во составот на ФК Партизан.

Почетокот на животот Милан Смиљаниќ е роден во Калмар, Шведска, бидејќи неговиот татко Бранко, кој исто така бил професионален фудбалер, во тоа време настапувал за екипата на ФК Калмар АИК.

Клупска кариера

Партизан Милан Смиљаниќ подоцна се вратил во Србија и се приклучил во младинските редови на ФК Партизан. Под раководство на главниот тренер Владимир Вермезовиќ, тој го одиграл својот прв натпревар во лигашкиот дел против составот на ФК Сутјеска од Никшиќ, во втората полусезона од 2004–05 година.

Смиљаниќ, поминал извесно време играјќи за фармерскиот тим (тим во кој се создаваат и надградуваат новите таленти на екипата на Партизан) на ФК Телеоптик. За период од две години минати во тој клуб, одиграл повеќе од 50 официјални натпревари. На крајот станал и капитен на клубот и покрај неговата прилично мала возраст.

Еспањол На 18 јули 2007 година, шпанскиот клуб Еспањол се договорил со составот на Партизан за трансфер на Смиљаниќ. Сумата на средства за тој трансфер не била објавена, а договорот бил со важност од 5 години. Својот прв натпревар во Ла Лига (Примера Дивисион-Шпанија) го имал на 26 август 2007 година, во поразот од 0:1 на домашен терен против составот на Реал од Ваљадолид. Повеќето од неговите први две сезони во Каталонија ги поминал на клупата за резервни играчи, иако еден од неговите главни конкуренти, на истата позиција на која настапувал тимот, Иван де ла Пења, често бил повреден.

По првичните неуспешни обиди на клубот да го испрати како позајмен играч во некој од клубовите за сезоната 2009–10, Смиљаниќ првите месеци од новата сезона ги поминал само на тренинзи, без да има добиено и дрес со соодветен број. Сепак, таков потег бил договорен кон крајот на месец јануари 2010 година. Тогаш тој во месец јуни, се приклучил со статус на позајмен играч на екипата на Спортинг од Хихон.

Враќање во Партизан Во летото 2010 година, Милан Смиљаниќ бил позајмен во неговиот поранешен матичен клуб Партизан. Откако му истекол периодот за позајмен играч, тој се вратил во Шпанија и го договорил раскинувањето на договорот со клубот од Барселона, Еспањол.

Смиљаниќ на 16 август 2011 година потпишал постојан договор со екипата на Партизан, склучувајќи договор со важност од две години.

Генчлербирлиги На 29 мај 2013 година, било објавено дека екипата наГенчлербирлиги СК ги договорил условите со Милан Смиљаниќ за да се потпише договорот. Во тој период Смиљаниќ бил слободен агент (слободен играч). Тој се појавил на само четири натпреварувачки натпревари за време на неговиот престој во клубот. Неговиот прв натпревар во Супер лигата бил на 19 октомври 2013 година во поразот на домашен терен со резултат од 1:3 против екипата на Касимпаша СК.

Смиљаниќ бил ослободен од составот на Генчлербирлиги на 30 јуни 2015 година.

Подоцнежни години На 30 јули 2015 година, Милан Смиљаниќ му се приклучил на составот на ФК Макаби Нетања со потпишан договор по принципот 1+1 (една сезона со можност за уште една). Тој го напуштил Израел на 9 август 2016 година, преселувајќи се заедно со сонародникот Небојша Маринковиќ во клубот од А-лигата Перт Глори ФК (Австралија). На 16 февруари 2017 година, тој го напуштил клубот со взаемно раскинување на договорот за да ги истражи можностите за настап некаде во Азија.

На 15 јуни 2017 година, Милан Смиљаниќ се вратил во израелската Премиер лига и потпишал со новопромовираниот тим од првата лига, екипата на Фк Хапоел Ашкелон.

Партизан, трет пат Во месец јуни 2018 година, Смиљаниќ по трет пат се вратил во својот матичен клуб, обврзувајќи се на двегодишен договор. Во месец јуни 2019 година бил назначен за заменик капитен на составот на Партизан од Белград.

Репрезентација По сезоната 2006–07, Милан Смиљаниќ бил повикан од првиот тренер на Србија за играчи до 21 година, Мирослав Ѓукиќ, за да биде дел од неговиот тим за Европското првенство на УЕФА 2007 година. Тој ѝ помогнал на државната репрезентација да заврши како вицешампион (второ место) на турнирот, веднаш зад домаќинот Холандија.

Милан Смиљаниќ својот целосен прв натпревар за сениорската репрезентација на Србија го имал на 22 август 2007 година, во поразот од 2:3 против репрезентацијата на Белгија во Брисел. Тоа бил натпревар од квалификациите за УЕФА ЕВРО 2008. Во месец јули наредната година тој бил избран за да настапува во тимот од 18 играчи за Летните олимписки игри 2008. На чело со тренерот Ѓукиќ репрезентацијата на Србија на тие олимписки игри се рангирала на последното место во нејзината група.

Наредната година, Смиљаниќ се појавил на Европското првенство за играчи до 21 година во 2009 година и тоа како капитен на тимот. Неговата репрезентација не успеала да го повтори успехот од претходното првенство одржано во Холандија. Овој пат составот на Србија, на првенството одржано во Шведска, не успеала да ја мине групната фаза.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

Клупски перформансиЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноСезонаКлубЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови2004–05ПартизанСуперлига200000202005–0615110001612006–0731031804212007–08ЕспањолЛа Лига30040––3402008–09170502202009–10000000Спортинг од Хихон6000––602010–11ПартизанСуперлига18130702812011–1223030102702012–1324110603112013–14ГенчлербирлигиТурска Супер Лига1030––402015–16Макаби НетањаИзраелска Премиер Лига31060––3702016–17Перт ГлориА Лига15010––1602017–18Хапоел АшкелонИзраелска Премиер Лига29140––3312018–19ПартизанСуперлига13040201902019–20701000802020–21600010702021–22702020110Вкупно во кариерата27543712703445

Меѓународна статистика

Србија Година Натпревари Голови 2007 година 2 1 2008 година 4 0 Вкупно 6 1

Репрезентативни голови # Дата Место на одигрување на натпреварот Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 17 октомври 2007 година СтдионТофик Бахрамов, Баку, Азербејџан 5–1 6–1 Квалификации за ЕП 2008

Наводи

Надворешни врски

Податоци за државната репрезентација (на српски)

Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година