Масакр во Горно Врбени ― масакр извршен врз единаесет македонски борци од селото Горно Врбени (Екши Су). Биле стрелани од страна на грчката полиција, во 1947 година.

Хронологија на настаните По Договорот во Варкиза грчките монархофашистички сили, почнале со прогон на македонскиот народ. Илјадници Македонци биле апсени и протерани на островите, логорите и затворите. Стотици биле осудени на смрт и стрелани. Вакви настани се случувале низ сите краишта на Македонија: Леринско, Костурско, Воденско, Ениџе-вардарско, Гуменичко и др.

Во 1947 година повеќе од 20 луѓе биле уапсени во еден ден - мажи и жени од селото Горно Врбени. Во полициските ќелии на Соровичко истата година веќе била заклана Аспасија Стрешова, додека во Горно Врбени биле живи запалени нејзините две сестри – Веса и Ники, како и Матка Попова.

Други 11-мина биле однесени во Леринскиот затвор. Таму останале подолг период, а подоцна, по воен судски процес, биле осудени до смрт. Во ноември, 1947 година, биле стрелани следните патриоти:

Трифун Аџикирев Фроса Аџикирева Михаил Васов Анастас Велашков Михаил Димулков Марика Дурданова Стефо Масев Ташо Масев (син на Стефо) Васил Робев Пандо Романов Стојан Трајков

Секој од нив додека биле во полициските ќелии, затворите, пред воените судови и пред да бидат погубени, не дале никаква информација. Карактеристични за групата биле двете 20-годишни ЕПОН-членки Фроса Аџикирева и Марика Дурданова. Цело време додека биле во затвор, иако знаеле дека ќе бидат убиени, не се плашеле. Пееле револуционерни песни и им давале храброст на своите соборци-затвореници. На 20 ноември 1947 година биле известени дека треба да бидат погубени, па станале многу рано, се облекле, си ги исчешлале косите и зачекореле со своите кренати глави кон нивните џелати. Додека оделе заедно низ леринските улици, тие пееле партизански и револуционерни песни и извикувале пароли: „Да живеат партизаните, КПГ, Слободата!“

Многумина Леринчани, изненадени од револуционерните песни, излегле на улица и биле импресионирани од храброста и самопожртвуваноста на младите хероини. Никој од нив не прифатил да му бидат преврзани очите во моментот на нивното стрелање.

Поврзување

Стреланите од Горно Врбени

Наводи

Категорија:Горно Врбени Категорија:Македонски борци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Починати во 1947 година