Дарко Спалевиќ (Вучитрн, 24 март 1977) е професионален српски фудбалер. Настапувал на позицијата напаѓач.

Кариера Спалевиќ кариерата ја започнал во екипата на Раднички од Вучитрн, по што преминал во тимот на Трепча од Косовска Митровица. Во сезоната 1998/99 бил играч на екипата на Приштина, а во 1999 година настапувал за составот на Бане од Рашка. Во периодот помеѓу 1999 и 2001 година Спалевиќ бил во редовите на екипата на белградски Милиционар. Во текот на 1999 година имал одиграно и еден натпревар за младата репрезентација на СР Југославија.

Во летото 2001 година, тој се приклучил во составот на Црвена ѕвезда, која во тој период била предводена од тренерот Славољуб Муслин. За црвено-белите одиграл 11 натпревари на кои не постигнал ниту еден гол. Тој земал активно учество и во квалификациите за Лигата на шампионите против составот на Бајер Леверкузен. По заминувањето од екипата на Црвена ѕвезда, Дарко неколку години настапувал во странство, и тоа во Бугарија, Русија, Унгарија и Кина.

Во дресот на Славија од Источно Сараево, двапати бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2007/08, 2008/09). Тој го освоил Купот на Босна и Херцеговина со составот на Славија во сезоната 2008/09.

Во летото 2010 година Спалевиќ се вратил во Србија потпишувајќи договор со екипата на Раднички 1923. Со тимот од Крагуевац, успеал да избори пласман во Супер лигата, а воедно и бил втор стрелец во Првата лига на Србија во сезоната 2010/11 со вкупно 19 постигнати голови на 28 натпревари. Во сезоната 2011/12 бил најдобар стрелец во Супер лигата со 19 постигнати голови на вкупно 26 натпревари. Во таа натпреварувачка сезона успеал да влезе и во идеалниот тим на сезоната. Во тимот на Раднички останал до 2014 година и постигнал вкупно 53 гола на 105 првенствени натпревари.

Во месец јуни 2014 година се преселил во екипата на Долен Срем од Пеќинац. За овој клуб во сезоната 2014/15 во српската Суперлига одиграл 22 натпревари и постигнал пет гола. Во месец јули 2016 година се вратил во екипата на Раднички од Крагуевац. Спалевиќ во сезоната 2016/17 во српската лига Запад одиграл 25 натпревари и постигнал 8 голови. Тој му помогнал на својот тим да го освои првото место во српската лига и од сезоната 2017/18 тимот продолжил да се натпревара во Првата лига на Србија. На почетокот на сезоната 2017/18 одиграл само два натпревари во Првата лига на Србија, по што ја завршил својата играчка кариера.

Успеси

Клупски успеси

Славија од Сараево Освоен е Купот на Босна и Херцеговина (1): 2008/09.

Раднички од Крагуевац Освоена е Српската лига Запад (1): 2016/17.

Поединечни успеси

Бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2): 2007/08, 2008/09. Бил најдобар стрелец во српската Суперлига (1): 2011/12.

Наводи

Категорија:Фудбалери на ПФК Локомотив (Пловдив) Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1977 година