Милутин Средојевиќ (роден на 1 септември 1969 година), бил едноставно познат како Мичо. Тој е српски фудбалски тренер кој моментално работи како главен стратег во фудбалската репрезентација на Уганда. На таа позиција бил назначен на 27 јули 2021 година кога потпишал договор со важност од три години.

Играчка кариера Средојевиќ во минатото настапувал за екипите на Свобода од Љубљана, Синѓелиќ од Белград, Графичар од Белград, ФК Зорка од Суботица и ФК Пионир од Суботица. Додека настапувал во екипите тој најчесто играл на позицијата како одбранбен играч за врска, но поради честата повреда во пределот на коленото, тој одлучил да остане близок на фудбалската игра, но на позицијата како фудбалски тренер.

Тренерска кариера

Вила СЦ Мичо додека сѐ уште бил во раните 30-ти години од својот живот, тргнал на својата африканска авантура. Таа започнала во Кампала за клубот Вила СЦ. Тренерската позиција ја добил кога именуваниот клуб бил на една европска натпреварувачка турнеја. Во сето тоа доста му помогнал легендарниот новинар Џон Кевин Алиро кој во тоа време работел во Радио Франс Интернационал. Екипата на Вила СЦ, Мичо ја водел до 3 последователни титули во лигата (2001–2002, 2002–2003 и 2003–2004). Сезоната 2001/2 засекогаш ќе останела запишана во историските книги на фудбалот на Уганда, бидејќи екипата на Вила ја освоила титулата во лигата, со само еден единствен пораз на 28 натпревари. Покрај тој легендарен успех екипата на Вила успеала и да го освои Купот на државата наречен Какунгулу. Составот на Вила СЦ, наредната сезона била победник на лигата, но и победник на ЦЕКАФА натпреварувањето. Ова натпреварување, кое е еквивалент на афикански шампион, го освоиле по цели 17 години.

Сент Џорџ СА Мичо на 19 јули 2004 година потпишал тригодишен договор со екипата на Сент Џорџ, и го заменил поранешниот тренер кој бил со холандско потекло. На составот на Сент Џорџ му се приклучил во 2004 година и таа екипа ја водел во сезоните 2004/2005, 2005/2006 и 2007/2008. Во сезоната 2007/2008 тој заедно со екипата, успеал да постигне резултат од 19 победи, 5 нерешени натпревари и ниту еден пораз. Бил избран за најдобар тренер на сезоната и тоа по трет пат по ред. Истиот успех, но со послаби резултати ги постигнал и во претходните две сезони во 2004/05 и 2005/06.

Орландо Пајратс На 14 јуни 2006 година, Средојевиќ бил назначен за нов главен тренер на гигантот од јужноафриканската Премиер фудбалска лига, екипата на Орландо Пајратс, заменувајќи го Коста Папиќ кој си поднел оставка и се приклучил на екипата на Марицбург Јунајтед. Србинот имал релативно добар успех на континенталните клупски натпреварувања во 2006 година, водејќи го јужноафриканскиот гигант Орландо Пајратс до полуфиналето на африканската Лига на шампионите. Тој бил запаметен по тоа што му овозможил на тинејџерот Сензо Мејива за прв пат да настапи за тимот. Сензо прв пат настапил за екипата на Орландо Пајратс на 8 ноември 2006 година против екипата на АмаЗулу во лигашки натпревар на стадионот Елис Парк. Милутин во екипата на Орландо Пајратс останал вкупно 217 дена. На 16 јануари 2007 година, Средојевиќ се разделил со екипата на Орландо Пајратс.

Млади Африканци ФК Средојевиќ подоцна во 2007 година се приклучил на екипата на ФК Млади Африканци во 2007 година. Тој ѝ помогнал на екипата да ја освои титулата во лигата.

Сент Џорџ СА Тој се вратил во составот на Сент-Џорџ СА во 2007 и таму останал до 2010 година. Екипата на Сент Џорџ на 1 јуни го освоила трофејот Мидрок Етиопија Милениум. Играчот Саладин Саид со неверојатни 21 гол станал најдобар стрелец во сезоната 2007–2008. Во сезоната 2008-2009 екипата ги освоила Премиер лигата на Етиопија, трофејот на националниот куп на Етиопија и Суперкупот на Етиопија. Во сезоната 2009-2010 клубот на Сент Џорџ повторно ја освоил етиопската Премиер лига. Средојевиќ успеал да го однесе составот на Сент Џорџ до финалето на ЦЕКАФА - клупското првенство или таканаречен Кагаме куп 2010. Натпреварот се играл во градот Кигали во Руанда. Во финалето екипата на АПР ФК победила со резултат од 2:0. Напаѓачот на противничкиот тим инаку роден во Малави, Чиукепо Мсооја првиот гол го постигнал во 92 минута од судиското продолжение. Вториот гол го постигнал играчот Виктор Ниренда во 96 минута од натпреварот.

Ал-Хилал Судан Средојевиќ во месец јули 2010 година го преземал составот на Ал-Хилал Омдурман. Тимот го водел две сезони и тоа во 2010 и 2011 година, кога и ги освоил двете титули во лигата. Во истата таа сезона, 2010 стигнал до полуфиналето на Купот на конфедерацијата КАФ и до полуфиналето на КАФ Лигата на шампионите во 2011 година. Во таа 2011 година во полуфиналето загубиле од составот на ЦС Свахиен од Тунис по изведување на пенали. Во регуларниот тек натпреварот завршил со резултат од 1:1.

Руанда На 1 ноември 2011 година, Средојевиќ бил претставен како нов селектор на репрезентацијата на Руанда. Тој го заменил Ганаецот Селас Тетех, кој ја напуштил функцијата два месеци претходно по поразот со 5:0 од Брегот на Слоновата Коска во квалификациите за Купот на Африканските нации 2012 година. Средојевиќ бил избран за тренер од страна на потесен круг од пет тренери: Стивен Кеши, Ратомир Дујковиќ, Патрис Невеу и Бранко Смиљаниќ. Средојевиќ ја одвел репрезентацијата на Руанда во групната фаза од квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2014. Руанда била сместена во Х групата, заедно со составите на Алжир, Мали и Бенин. За да влезе во групната фаза селекцијата на Руанда со резултат од 4:2 ја победила репрезентацијата на Еритреја. Средојевиќ бил отпуштен од тренерската позиција на 17 април, истата година.

Уганда Средојевиќ станал тренер на селекцијата на Уганда во месец мај 2013 година. Тој бил избран на таа позиција откако на конкурсот се пријавиле дури 37 кандидати. Назначувањето на тренерската позиција следувала во месец април 2013 година по отпуштањето на шкотланѓанецот Роберт 'Боби' Вилијамсон. Со репрезентацијата на Уганада Средојевиќ потпишал двегодишен договор. За негови помошници биле назначени Сем Тимбе и Кефа Кисала, додека Фред Кајоба ја задржал својата позиција како тренер на голманите. Првата задача на Милутин Средојевиќ како тренер на Уганда бил натпреварот помеѓу Либија и Уганда на Меѓународниот стадион во Триполи. Натпреварот завршил со победа на Либија со резултат од 3:0. Сите голови биле постигнати во првото полувреме. Дури 6 играчи од вкупно 22 на теренот за екипата на Уганда биле дебитанти и тоа: Херман Васва, Ричард Касага, Израел Емуге, Вилијам Лувага Кизито, Алекс Какуба и Али Кимера.

ЧАН 2014 година Во месец јануари 2014 година, тренерот Средојевиќ поканил 23 играчи за да ја претставуваат фудбалската репрезентација на Уганда за првенството на Африканските нации во 2014 година. Тимот се пласирал на третото место во групната фаза на натпреварувањето откако победиле против селекцијата на Буркина Фасо. Одиграле нерешено со селекцијата на Зимбабве, а загубила од составот на Мароко. Репрезентацијата на Уганда завршила на третото место во групата Е со вкупно седум бодови во квалификациите за АФРИКОН 2015 година, каде прва на табелата во групата завршила репрезентацијата на Того, втора селекцијата на Гана, а на последното место составот на Гвинеја.

2015 година На 1 април 2015 година, претседателот на ФУФА (фудбалската федерација на Уганда), Мозес Магого, му го продолжил договорот на Мичо за нови три години. Договорот му бил продолжен, откако имал забележителен резултат со успешност од 60 проценти на натпреварите на кои го водел тимот. Средојевиќ во периодот од 2013 до 2015 година ја предводел селекцијата на Уганда на 35 натпревари забележувајќи 18 победи, 5 нерешени резултати и 12 порази од 2013 до 2015. На 26 октомври 2015 година, Мичо ја квалификувал репрезентацијата на Уганда до Првенството Чан 2016 во Руанда, откако го победиле домаќинот Судан со резултат од 2:0. Головите на националниот стадион во Картум, биле постигнати од страна на Цезар Охути и Фарук Мија. Вкупниот резултат на двата натпревари бил 4:0 за екипата на Уганда. Тоа бил трет финален натпревар на турнирите на ЧАН. Претходно тоа било случај на турнирот одржан во Судан 2011 година и турнирот одржан во Јужна Африка во 2014 година. Во натпреварите од ЦЕКАФА 2015, репрезентацијата на Уганда била на врвот на групата Б, откако победиле во натпреварите против селекциите на Бурунди и Занзибар. Во четвртфиналето ја победиле репрезентацијата на Малави. Во полуфиналето, избраниците на Мичо ја победиле репрезентацијата на домаќинот, Етиопија, со резултат од 5:3 по изведување на пенали. Натпреварот во регуларниот тек и по 30 минути продолженија завршил нерешено и без голови. Својата прва титула, Средојевиќ ја освоил во 2015 година на Цекафа турнирот со екипата на Уганда, откако во финалето ја победил селекцијата на Руанда со резултат од 1:0. Голот го постигнал играчот Цезар Охути во 15 минута. Под водство на тренерот Средојевиќ, популарните Кранови убедливо ја победиле селекцијата на Того за да напредуваат во групната фаза од квалификациите за Светското првенство 2018 година. Вкупната победа над селекцијата на Того била со резултат од 4:0 над селекцијата на Того. Поединечните резултати биле победа од 0:1 на гостински терен на стадионот Стад де Кег и 3:0 на домашен терен на националниот стадион Мандела. Тој резултат бил доволен за да се напредува во наредната фаза од натпреварувањето.

2016 година На турнирот Чан 2016, репрезентацијата на Уганда завршила на третата позиција во групата Д, каде што селекцијата на Замбија ја предводела групата, а на третото место биле селекциите на Мали и Зимбабве. На 4 септември 2016 година, Средојевиќ го предводел тимот на Уганда до квалификациите за Африканскиот куп на нации и тоа за прв пат по цели 38 години.Burkina Faso vs Uganda, Who is who in the cranes squad at kawowo.com, 24 February 2016 Популарните „Кранови“ го завршиле квалификацискиот циклус како второпласирани во групата Д, веднаш зад западноафриканската екипа на Буркина Фасо на која ѝ била потребна победа над екипата на Боцвана. Со вкупно 13 освоени бодови репрезентацијата на Уганда завршила како една од двете најдобро второпласирани во групите. Поради таквиот пласман успеала да се квлификува во наредната фаза. Извлекувањето на Купот на нации на Африка ги сместил селекциите на Египет, Мали и Гана во истата Д група, заедно со репрезентацијата на Уганда. На 7 јануари 2016 година селекцијата на Уганда ја постигнала најдобрата позиција, во историјата на постоењето, на ранг-листата на ФИФА. Тоа било 62 место од вкупно 209 рангирани асоцијации (земји) членки на ФИФА. Мичо ја водел репрезентацијата на Уганда по пост од 38 години за да се квалификува на најголемото афиканско континентално натпреварување - Африканскиот куп на нации. Играчот Фарук Мија во 35 минута од натпреварот постигнал гол за резултат од 1:0 против островската нација, селекцијата на Коморите (Коморски Острови). Средојевиќ ја земал заслугата за развојот на репрезентативниот голман Денис Онјанго, кој бил прогласен за најдобар африкански играч кој потекнува од африканскиот континет за 2016 година. Голманот имал одлични настапи за селекцијата на Уганда кој ја водел и тренирал Средојевиќ. Во месец декември 2016 година, Средојевиќ бил меѓу номинираните за престижната награда ЦАФ односно тренер на годината. Подвизите со селекцијата на Уганда во 2016 година му ја донело на Средојевиќ таквата номинација. Репрезентацијата на Уганда била избрана за најдобра африканска селекција во таа 2016 година. Изборот бил спроведен од ЦАФ (африкански еквивалент на УЕФА). Средојевиќ имал освоено и дополнителни 14 лигашки титули во пет различни големи клубови на тлото на африканскиот континент.

2017 година Во месец февруари 2017 година, во последните денови од зимскиот преоден период, тренерот Средојевиќ му препорачал на играчот Калид Аучо да премине во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.