мини|Степанов играјќи за Бурсаспор Милан Степанов (роден на 2 април 1983 година) бил поранешен српски фудбалер, кој настапувал како централен дефанзивец.

Клупска кариера Милан Степанов е роден во Кисач, Нови Сад, Србија. Тој пристигнал во редовите на составот на Војводина, каде за прв пат во сениорскиот тим настапил во сезоната 2000-01, а капитен на тимот станал пет години подоцна. Во јануарскиот преоден рок 2006 година, тој преминал во турскиот клуб Трабзонспор.

Во месец јули 2007 година, Степанов се преселил во екипата на Порто во Португалија, за соопштена сума од 3,5 милиони евра.Porto sign Serbia defender Stepanov; UEFA.com, 27 July 2007 На почетокот бил на клупата за резервни играчи. Постепено тој си правел простор за влез во стартните единаесет. На 28 ноември, во натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА со составот на Ливерпул, неговиот тим загубил со резултат од 1:4, при што тој имал нерамномерен придонес во тој пораз. По тој натпревар Степанов ја загубил стартната позиција и тоа од ветеранот Педро Емануел. Таа ситуација дополнително се влошила во неговата втора година во клубот, кога во составот на Порто пристигнал и соиграчот Роландо (Степанов до крајот на сезоната настапил само на претпоследниот натпревар во Примеира лигата).

На 27 јули 2009 година, Милан Степанов се преселил како позајмен играч во шпанската екипа на Малага, со можност Андалусијците во целост да го откупат договорот на крајот на сезоната. Тој за новиот клуб одиграл само четири натпревари во Ла Лига и тоа во првата половина од сезоната. Подоцна цели три месеци бил изоставен од тимот. Во меѓувреме одиграл само еден натпревар на домашен терен и тоа против екипата на Депортиво Ла Коруња. Тој натпревар се одиграл на 7 февруари 2010 година кога Степанов бил стартер во екипата.Ten-man Deportivo hold on; ESPN Soccernet, 7 February 2010

Кон крајот на месец јули 2010 година, Милан Степанов се вратил да настапува во Турција, потпишувајќи за шампионот на Турската Супер лига, екипата на Бурсаспор за непозната сума на пари. Во месец мај 2012 година неговиот договор бил раскинат, а тој многу брзо потоа се приклучил на клубот од турската лига Мерсин Идмањурду.

Подоцна во текот на кариерата, Степанов последователно ги претставувал екипите на Омонија и на Сараево. На 2 јануари 2016 година, по речиси десет години, тој се вратил во екипата на Војводина, потпишувајќи договор со клубот со траење од една година и половина.

Репрезентација Милан Степанов бил дел од српската и црногорската репрезентација која била исфрлена од првата фаза на Летните олимписки игри 2004 година, откако завршила на четвртото место во групата Ц зад подоцнежните победници Аргентина, како и зад Австралија и Тунис. На тој олимписки турнир во групната фаза селекцијата на Србија и Црна Гора доживела два порази и тоа од репрезентцијата на Аргентина и од составот на Тунис.

Во месец ноември 2005 година, Милан Степанов се појавил во квалификацискиот плејоф во два натпревари против селекцијата на Хрватска за Европското првенство за играчи до 21 година за УЕФА 2006 година во Португалија. На тој двоен натпревар постигнал гол на возвратниот натпревар во победата од 2:1 на гостински терен. Голот го постигнал во 86та минута (вкупниот резултат бил 5:2).Job done for Serbia and Montenegro; UEFA.com, 16 November 2005 Тој на претстојното Европско првенство за играчи до 21 година ѝ помогнал на својата репрезентација да стигне до полуфиналето, при што многу експерти се согласиле дека бил најконстантниот член на тимот со низа сигурни дефанзивни потези за време на целиот турнир.

Степанов, својот прв натпревар за сениорскиот тим на својата репрезентација го имал на пријателски натпревар против репрезентацијта на Чешка на 16 август 2006 година. На тој натпревар заработил казнени картони со што бил исклучен. Во март 2007 година, за време на квалификациите за УЕФА ЕВРО 2008, тој започнал во првиот тим во поразот од селекцијата на Казахстан со резултат од 1:2, а бил на клупата за резервни играчи за дуелот со селекцијата на Португалија.

Статистика во кариерата

Клупски перформаси Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно Сезона Клуб Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Босна и Херцеговина Лига Куп Натпревари на УЕФА Вкупно 2015–16 ФК Сараево Босанската Премиер лига 4 0 0 0 2 0 6 0 Вкупно за ФК Сараево 4 0 0 0 2 0 6 0

Признанија

Порто Освоена еПримеира лигата: 2007–08, 2008–09 Освоен е Тача де Португалија (купот): 2008–09

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Омонија Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Бурсаспор Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година