Д-р Александар Лазаров ( во — во Скопје) ― Гинеколог-акушер, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија. Учесник во НОБ.

Животопис Медицински факултет завршил во Белград (1948), а специјализирал гинекологија и акушерство (1953) во Белград и Скопје. Се усовршувал во повеќе центри, особено во Германија. Основоположник е на оперативната гинекологија во РМ и образовал повеќе генерации лекари-гинеколози. Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1975-1983). Објавил над 250 научни и стручни трудови.

Наводи

Категорија:Македонски гинеколози Категорија:Југословенски гинеколози Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Починати во Скопје