Куќа на Ајри Доко — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура, прогласена за значајно културно наследство на Македонија заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 50.
Историја Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улицата „Цар Самоил“ бр. 32. Претставуава дел од комплексот на т.н. „болнички куќи“ сместени спроти цеквата „Св. Богородица Болничка“. На исток се граничи со Куќата на Стружанови, а на запад е Куќата на Скопаковци. Изградена е од непознати мајстори во XIX век и му припаѓала на Ајри Доко. Поради проблеми со темелите, во првата половина на 2010-тите била сосема урната, но во 2016 г. е факсимилно обновена со современи материјали.
Архитектура Градбата е имала сутерен, подоцна покриен, камено приземје и кат со чардак со бондручна конструкција. Станбените простории се наоѓале на приземјето.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Ајри Доко Ајри Доко