Куќа на ул. „Маршал Тито“ бр. 170 — административна зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.
Местоположба
Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Маршал Тито“ бр. 170.
Историја
Објектот е во сопственост на Министерството за одбрана, во кој се сместени и службените простории на ова министерство.
Била прогласена за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија
Наводи
Категорија:Куќи во Гевгелија