Булат Шалвович Окуџава (руски: Булат Шалвович Окуджава, грузиски: ბულატ ოკუჯავა) ( - ) — советски и руски поет, прозаист, композитор и сценарист, еден од основачите на рускиот жанр наречен „авторска песна“ (авторская песня). По потекло бил Грузиец роден во Москва; умира во Париз. Создава повеќе од 200 музички композиции на чиј текст е автор самиот тој. Неговите песни се еден вид мешавина на рускиот традиционален фолклор и на француските шансони. Иако тие никогаш немаат политички карактер (за разлика од оние на неговите колеги - "бардови"), свежината и независноста на поезијата на Окуџава секогаш им пречи на властите кои долго време ќе се двоумат дали да го санкционираат неговото творештво.
Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1967 година.
Наводи
Надворешни врски
Аудио податотеки на неговите најпознати песни во MP3 формат. Биографија russia-in-us.com. Биографија на russia-ic.com. Текстови на повеќе од 100 негови песни.
Категорија:Советски поети Категорија:Руски поети Категорија:Руски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен