Нил Мопе (роден на 14 август 1996 година, во Версај) — француски фудбалер, напаѓач на .

Биографија Мопе е роден во Версај, а потоа се преселил на Азурниот брег со своето семејство на петгодишна возраст. Тој има аргентинско потекло од страната на неговата мајка и има двојно француско и аргентинско државјанство од 2013 година. Интересно е за него што има навика да чита во соблекувалната пред натпреварите.Maupay: I read before kick-off to relax brightonandhovealbion.com

Технички одлики Неговиот фудбалски идол е Зинедин Зидан. Тој изјавил дека „може да игра широко или како број 10, но мојата омилена позиција е главен напаѓач. Сакам да играм на средина и да го користам моето темпо за да влезам зад грбот на одбраната“.

Клупска кариера Ница Мопе ја започнал својата кариера во УС Валбон на шестгодишна возраст во 2002 година, пред да се пресели во академијата на Ница во 2007 година.

Тој напредувал низ сите младински категории стигајќи до резервниот тим на почетокот на сезоната 2012-2013, за кој постигнал четири гола во три натпревари во раниот дел од сезоната пред да го добие својот прв повик во првиот тим на 15 септември 2012 година, за натпреварот од Лига 1 против Брест. На возраст од 16 години и 32 дена, Мопе го направил своето професионално деби влегувајќи како доцна замена на местото на Ерик Ботеак за време на победата на Ница од 3–2. Така, тој станал вториот најмлад дебитант во француското првенство, по Лоран Паганели, но неколку дена подоцна бил престигнат од неговиот млад соиграч Алберт Рафетраниаина.

Потоа, тој редовно бил вклучен во првиот тим од страна на тренерот Клод Пуел од октомври 2012 до март 2013 година и потпишал нов две ипол годишен договор во јануари 2013 година. На 15 декември 2012 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 против Евијан, со што станал вториот најмлад стрелец во француската лига со 16 години, 4 месеци и 1 ден, по Лоран Руси. Сепак, првата професионална сезона на Мопе била завршена предвреме, откако тој претрпел тешка повреда по која завршил со скинати вкрстени лигаменти за време на натпревар со вториот тим на Ница на 14 април 2013 година. За време на сезоната 2012-2013, тој запишал 19 настапи и 4 гола со првиот тим и уште 8 настапи и 7 гола за резервниот тим во АПФ 2.

И покрај раниот пробив во првиот тим во текот на сезоната 2012-2013, по опоравувањето од повредата Мопе не бил во преден план кај тренерот Пуел за време на следните две сезони, што на крајот предизвикало негово заминување од Азурниот брег во август 2015 година. Тој забележал вкупно 53 настапи и постигнал 9 гола во текот на трите сезони поминати во дресот на клубот од стадионот Алијанц Ривиера.

Сент Етјен и Брест На 10 август 2015 година, Мопе преминал во Сент Етјен потпишувајќи четиригодишен договор со овој клуб во трансфер вреден од 500.000 евра. Своето деби во зелено-белиот дрес го направил на 23 август, во натпреварот од првенството против Лорјан, додека на четири дена подоцна, на 27 август, тој го забележал својот прв настап во едно европско натпреварување, појавувајќи се од клупата во реванш натпреварот од плејофот на Лига Европа, во кој Сент Етјен бил подобар од молдавскиот претставник Милсами со 1-0 и се квалификувал во групната фаза од натпреварувањето. Својот прв и единствен погодок за Сент Етјен, Мопе го постигнал на 9 април, решавајќи го натпреварот против Троа, во кој тој влегол од клупата на местото на Кевин Моне-Паке во 71-вата минута и погодил само 4 минути подоцна.

На 20 јули 2016 година, Мопе му се приклучил на една лига пониско рангираниот клуб Брест на позајмица за една сезона. Тој имал добар почеток на сезоната 2016–2017, постигнувајќи 10 гола во неговите први 21 натпревар, Сепак, повредите со кои се соочил во декември 2016 и февруари 2017 ја нарушиле неговата добра форма и тој ја завршил сезоната со 12 гола на 31 настап.

Брентфорд На 14 јули 2017 година, Мопе се преселил во Англија за да му се приклучи на клубот од второто ниво, Брентфорд, со кој потпишал четиригодишен договор, откако клубот му платил на Сент-Етјен 1.6 милиони фунти. Својот прв гол за пчелчките го постигнал на 12 август 2017, во поразот со 4-3 од Нотингем Форест. До средината на декември, Мопе се сметал за златна резерва или за најдобрата замена во лигата, откако четири од неговите пет првенствени гола биле постигнати влегувајќи од клупата. Тој се пробил во стартната постава во вториот дел од сезоната, откако дотогашниот прв избор на неговата позиција Ласе Вибе го напуштил Грифин Парк во јануари 2018 година. Мопе влегол во одлична форма во периодот помеѓу средината на јануари и средината на април, забележувајќи серија од седум гола на 15 натпревари. Тој ја завршил сезоната 2017-2018 со вкупно 46 настапи (42 во лигата) и како најдобар стрелец во клубот, со 13 гола.

Следната сезона, Мопе уживал во одличниот почеток постигнувајќи 13 гола во неговите први 17 настапи во Чемпионшип 2018-2019. Сезоната ја завршил со вкупно 28 гола во 49 настапи. Во првенството тој постигнал 25 гола, завршувајќи изедначен на второто место со Тами Абрахам, двајцата имале 4 гола помалку од најдобриот стрелец во лигата за сезоната Теему Пуки од Норич Сити. И покрај големиот придонес во вид на голови од страна на Мопе, Брентфорд завршил само на средината од табелата без можности да се бори за промоција, но напорите на францускиот напаѓач биле препознаени и наградени откако тој бил избран за Играч на сезоната на Брентфорд.

Брајтон thumb|right|Мопе (со дресот со број 9) играјќи за Брајтон во пријателски натпревар против Еспањол во летото 2022 На 5 август 2019, Мопе потпишал за членот на Премиер лигата, Брајтон енд Хоув Албион. Сумата на трансферот изнесувала околу 20 милиони фунти, а играчот потпишал четиригодишен договор.

Тој постигнал гол уште на своето деби во Премиер лигата во првиот натпревар на Брајтон за сезоната, победата со 3–0 на гостувањето кај Вотфорд. На 14 септември, Мопе го отворил резултатот во ремито 1–1 против Барнли, постигнувајќи го својот прв гол на домашен терен за клубот од Источен Сасекс. Својот 10-ти гол за сезоната го постигнал во ремито 1-1 на гостувањето против Саутхемптон на 16 јули 2020 година, помагајќи му на Брајтон да заработи важен бод во борбата за опстанок. Својата прва сезона во Премиер лигата ја завршил со 37 настапи и 10 гола.

Во следната сезона, Мопе ги постигнал својте први голови во вториот натпревар на Брајтон во првенството, постигнувајќи два гола за само седум минути во успехот со 3-0 на гостувањето кај . На 26 септември, тој се нашол во центарот на случувањата поради една бизарна ситуација; во завршницата од натпреварот против Манчестер Јунајтед на домашен терен тој играл со рака во својот шеснаесеттник, но откако судијата тоа не го видел играта продолжила за набргу потоа да уследи и последниот судиски свиреж за крај на натпреварот. Сепак, откако дал знак за крај на натпреварот, судијата Крис Кавана бил повикан од ВАР да ја провери ситуацијата, по што досудил пенал за Манчестер Јунајтед, кој Бруно Фернандеш го претворил во гол и победа за гостите од 3-2. На 9 мај 2021, во поразот од 2–1 на гости кај Вулверхемптон Вондерерс тој бил исклучен по завршувањето натпреварот поради расправија со судијата, Џонатан Мос. Како резултат на тоа, Мопе бил суспендиран за последните три натпревари од сезоната, завршувајќи ја истата со 8 постигнати голови.

Евертон На 26 август 2022, Мопе потпишал тригодишен договор со Евертон за необјавена сума.

Репрезентативна кариера Мопе има право да игра да игра за националните селекции на Франција и на Аргентина.

Тој играл за младите репрезентации на Франција под 16 и под 17 години во периодот 2011 до 2013 година. Во 2014 година, тој го направил своето деби во две различни репрезентации: најпрво на 4 март дебитирал за репрезентацијата под 21 година во победата со 1-0 над Белорусија во квалификациите за Европското првенство 2015, а околу седум месеци подоцна, на 8 октомври, дебитирал за репрезентацијата под 19 години постигнувајќи го притоа и својот прв гол во оваа возрасна категорија во победата со 2-1 над Македонија во квалификациите за Европското првенство 2015.

Во јули 2015 година, со репрезентацијата под 19 години, Мопе настапил на Европското првенство за играчи на оваа возраст во Грција, каде неговата селекција стигнала до полуфиналето во кое загубила од Шпанија.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Л1 15 3 КФ+ЛКФ 2+2 0+1 - - - - - - 19 4 2013-2014 Л1 16 2 КФ+ЛКФ 1+2 0+1 ЛЕ 0 0 - - - 19 3 2014-2015 Л1 13 1 КФ+ЛКФ 1+1 1+0 - - - - - - 15 2Вкупно Ница 44 6 9 3 0 0 - - 53 9 2015-2016 Сент Етјен Л1 15 1 КФ+ЛКФ 4+1 2+0 ЛЕ 3 0 - - - 23 1 2016-2017 Л2 28 11 КФ+ЛКФ 2+2 0+2 - - - - - - 32 13 2017-2018 ФЛЧ 42 12 ФАКуп+ЛК 1+3 0+1 - - - - - - 46 13 2018-2019 ФЛЧ 43 25 ФАКуп+ЛК 4+2 3+0 - - - - - - 49 28Вкупно Брентфорд 85 37 10 4 - - - - 95 41 2019-2020 ПЛ 37 10 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 38 10 2020-2021 ПЛ 33 8 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 36 8 2021-2022 ПЛ 32 8 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 35 9Вкупно Брајтон 102 26 7 1 - - - - 109 27 2022-2023 ПЛ 4 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 4 1Вкупно во кариерата 278 82 35 12 3 0 - - 316 92

Титули Клупски Ница Гамбардела куп : 1 2011-2012

Поединечни Играч на сезоната на Брентфорд: 1 2018-2019

Наводи

Надворешни врски

Нил Мопе на soccerway Нил Мопе на transfermarkt Нил Мопе на espn Нил Мопе на lequipe

Категорија:Фудбалери на ФК Ница Категорија:Фудбалери на ФК Сент Етјен Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година