Тирамола (италијански: Tiramolla) ― италијански стрипов лик создаден во 1952 година од Роберто Ренци и Џорџо Ребуфи.

Тирамола (буквален превод: Истегната Пружина) е бизарен супер јунак кој наликува на човече од цртички со растегливо витко тело, овално лице, долги нозе, цилиндрична глава и лак. Тирамола ја има стекнато единствената способност да може да се истегнува како што сака, дури и на неколку километри, откако ќе падне во голем сад со гума.

Тој се појавил за прв пат во август 1952 година како спореден лик во стрипот „Кучоло и Бепе“ (Cucciolo e Beppe), во списанието Cucciolo, во приказната „Загадочноста на вилата“(„Il mistero della villa“). Првиот карикатурист бил Џорџо Ребуфи.

На 15 јули 1959 година, Тирамола станал ѕвезда на истоименото независно списание, издадено од Edizioni Alpe. Умберто Манфрин му се придружил на Ребуфи во улогата на писател, а подоцна станал и карикатурист со псевдонимот Мамберто. Биле претставени нови ликови: батлерот Саета, кучето Улао, „Адмиралот“, Каучиу, внукот на Тирамола кој ги поседува истите моќи на неговиот вујко, негативецот господин Магија и други ликови од сатирично вдахновение како што е сметководителот Роси (тоа го симболизираат италијанскиот педант) и Адвокатот на ѓаволот (вдахнат од Пери Мејсон).

Во редовните серии имало алманаси, збирки и препечатувања во интензивен распоред на неделни, месечни и тримесечни изданија.

На крајот на 1980-тите, по смртта на уредникот Џузепе Карегаро, Тирамола ги завршила своите публикации. Набргу подоцна, на почетокот на 1990 година, Тирамола била повторно лансирана под нов издавач, Vallardi, но списанието не успеало да го врати стариот успех и конечно била затворена во средината на 1993 година.

Исто така, во 1992 година, Dan Videos го произвел „Тирамолски авантури“ (Tiramolla Adventures), анимирана серија во режија на Џузепе Лагана.

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Неслужбена мрежна страница

Категорија:Италијански супер јунаци Категорија:Прекинати списанија објавувани во Италија Категорија:Списанија на италијански јазик Категорија:Прекинати списанија во 1993 година Категорија:Појавени списанија во 1959 година Категорија:Завршетоци на стрипови во 1993 година Категорија:Почетоци на стрипови во 1959 година Категорија:Стрипски списанија објавувани во Италија Категорија:Списаниски маскоти Категорија:Стрипови приспособени на телевизиски серии Категорија:Стрипови приспособени на анимирани серии Категорија:Измислени ликови кои можат да се истегнат Категорија:Измислени ликови кои можат да си ја сменат големината Категорија:Почетоци на стрипови во 1952 година Категорија:Претставени маскоти во 1952 година Категорија:Машки ликови во стрипови Категорија:Машки ликови во рекламирање Категорија:Стрипски супер јунаци Категорија:Стрипски ликови воведени во 1952 Категорија:Сатирични стрипови Категорија:Италијански стрипски ликови Категорија:Италијански стрипски наслови