Омлоп Хет Ниусблад 2022 — 77. издание на велосипедската еднодневна трка Омлоп Хет Ниусблад, која се одржала на 26 февруари како втор настан во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала во Гент и завршила во Нинове.
Омлоп Хет Ниусблад е трка која обично е освојувана од соло-возач или победникот се одлучува во спринт од мала група на возачи. Оваа година не била исклучок, победникот Ваут ван Ерт нападнал на 13 километри пред целта од групата на фаворити. Виктор Кампенертс бил првиот кој се обидел да го следи Ван Ерт од групата на 20 возачи. Ван Ерт го одржал водството до целта, правејќи разлика од 22 секунди. Групата од 20 возачи спринтала за преостанатото место на подиумот, со што Сони Колбрели го поразил Грег ван Авермат.
Екипи
Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Сепак, сите осумнаесет екипи настапиле на трката. Дополнително, седум професионални континентални екипи биле специјално поканети, со што се заокружила главната група од 25 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи, освен кои настапиле со петмина, и настапиле со шестмина, со што главната група броела 171 возач.
Поредок Завршен пласман
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Омлоп Хет Ниусблад Категорија:Светска турнеја на UCI 2022 Категорија:Белгија во 2022 година