Куќа на Љушеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.

Историја Куќата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 50 (или. 48). Изградена е во 1936 година од непознати мајстори.

Архитектура Градбата се состои од приземје и два ката. Приземјето отсекогаш било предвидено за трговски цели, катовите за живеење. Изобилува со елементи на неокласичната архитектура — еркерни балкони, украсни шамброни околу прозорците и пиластри на аглите. Фасадата е поделена и на хоризонтални полиња. Извесена е масивно, а меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Покривот е на две води со традиционални ќерамиди. Отворот на приземјето е голем и павоаголен, а на катовите отворите се помали, исто така правоаголни. Балконите имаат огради од ковано железо.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Љушеви Категорија:Појавено во 1936 година во Македонија