Озор — населба од римското време во атарот на селото Долно Чичево, Македонија. На 4 километри југоисточно од селото, на површина од околу 4 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, како и големо количество градежен материјал. Во непосредната близина на наоѓалиштето се наоѓа чешма во која се вградени мермерни блокови - делови од архитектонска пластика.

Поврзано Грамаѓе — населба од римско време; Кале — градиште од доцноантичко време; Мало Кале — населба од римско време; Долно Чичево; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.

Наводи

Категорија:Долно Чичево