„Абецеда на стравот“ (хрватски: Abeceda straha) – југословенски филм од 1961 година, во режија на Фадил Хаџиќ (неговиот прв филм), кој е и автор на Сценариото (засновано врз вистинити настани), заедно со Федор Видас. Главните улоги ги толкуваат: Весна Бојаниќ (нејзиниот прв и единствен филм), Јосип Запалорто (неговиот прв филм), Нада Касапиќ, Татјана Бељакова, Јасенка Кодрња и Миодраг Лончар.HRT, Abeceda straha, hrvatski film (1961.) (пристапено на 18.3.2022)
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Загреб, во 1943 година. Студентката Вера (ја игра Бојаниќ) е храбра илегалка која се уфрлува во станот на банкарскиот директор и усташки шпион Молнар (го игра Запалорто), претставувајќи се како неписмена слугинка со лажно име Катица. Нејзината задача е да го пронајде списокот на усташките шпиони кои се уфрлени во редовите на партизаните. Во станот на Молнар често доаѓаат на гости високи претставници на усташкиот режим, а и постарата ќерка Елза е припадничка на усташката војска. Вера се зближува со помладата ќерка, наивната и романтична Саша, која почнува да ја учи да пишува. Во текот на работата, Вера има пристап до сите простории во станот, па кога Молнар заминува на службен пат, таа добива можност да го пребара неговиот кабинет...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Трилери Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на Фадил Хаџиќ Категорија:Филмови со Весна Бојаниќ Категорија:Филмови со Нада Касапиќ Категорија:Филмови со Татјана Бељакова Категорија:Филмови со Јосип Запалорто Категорија:Филмови со Јасенка Кодрња Категорија:Филмови со Миодраг Лончар