Канонаме за селата битолски санки закон за чифлигарите и чифчиите што сет под по'ела Битолска (во оригинал ζα σελατα Μπιτωλσκοι Κανοναμε σανκι ζακον ζα τζιφλιγαριτε ι τζιφτζιοιτε στο σετ ποτ ποελα Μπιτολσκα) — османлиски закон од 25 јули 1851 година, со намена да ги регулира чифлигчииските односи во Битолскиот Вилает. Законот е отпечатен на 2 август 1851 година на битолски говор со грчки букви во градот Солун, најверојатно во печатницата на Киријак Држилович. Законот е важен извор на општествено-политичките и економските односи во Битолско во средината на XIX век.

Збирката е дел од серијата закони за Танзимат чија цел е подобрување на севкупната економска состојба на поданиците на царството кои страдаат од корупција во администрацијата. За таа цел Саами-паша бил испратен во Македонија и Албанија. Во Солун, пашата усно и писмено им ги соопштувал прописите на управителите и претставниците на народот од округот што ги свикал. Правилникот за битолските села бил отпечатен на 2 август 1851 година на македонски - јазикот на мнозинството во околијата. Законот му претходел на Саферската уредба од 1859 година и на Лесковачкиот закон од 1860 година, кои исто така се занимавале со чифлигчииските односи.

Текстот на законот го објавил Љубомир Милетиќ во „Зборникот на народни приказни, наука и литература“, Книга XV, Софија, 1898, стр.356-389. Стилот на текстот е тежок и понекогаш мислата е тешко да се следи. Текстот е исполнет со турцизми и персизми, како и со веќе изумрени дијалектизми.

Став 7 од законот во оригинал со грчки букви и на кирилица:

Наводи

Категорија:Историја на Битола Категорија:Книги од 1851 година Категорија:Османлиски закони