мини|315x315пкс|Висорамнината Атакама. Аргентинскиот дел е со зелена, а чилеанскиот со портокалова боја. мини|225x225пкс| Солницата Салар де Атакама во Чилеанскиот дел од висорамнината Атакама мини|225x225пкс| Коно де Арита, Салта (Аргентина ) Висорамнината Атакама или Пуна де Атакама Atacama Plateau article at the Encyclopædia Britannica website е сушна висока висорамнина на Андите во северно Чиле (15%) и Аргентина (85%).

Географија Висорамнината се наоѓа на просечна надморска висина од 4500 метри и се протега на површина од 180.000 квадратни километри. .

Во Аргентина, територијата на Пуна де Атакама се наоѓа во покраините Салта, Хухуј и западна Катамарка. Во Чиле, се наоѓа во покраините Антофагаста и сесевероисточна Атакама.

Меѓународна граница Пред војната на Тихиот Океан (1879–1883), регионот припаѓал на Боливија. Во 1898 година ѝ бил отстапен на Аргентина како замена за признавањето на Тариха како дел од Боливија. Чиле, кој ја анектирал покраината Литорал од Боливија, ја прогласил размената за нелегална. Границата била дефинирана во 1899 година по спорот за Пуна де Атакама. Од 75.000 km2 за кои се спорело, 64.000 (85%) ѝ биле доделени на Аргентина и 11.000 (15%) на Чиле.

Поврзано Пустината Атакама Алтиплано Салар де Атакама

Наводи

Категорија:Атакама Категорија:Висорамнини во Чиле Категорија:Висорамнини во Аргентина Категорија:Висорамнини на Андите Категорија:Аргентинско-чилеанска граница